Институтот како дел од обука за заштита на укажувачи и ИКТ против корупцијата

Претставници на ИАРБ на меѓународната обука за заштита на укажувачи и ИКТ против корупција
Накратко: Претставници на Институтот за применети истражувања за бизнис, д-р Анета В. Шикалеска и д-р Билјана Ѓозинска, учествуваа на меѓународната обука организирана во рамки на проектот „Со дигитализација против корупција" од програмата Erasmus+ Youth 2023.

Претставници на Институтот за применети истражувања за бизнис, д-р Анета В. Шикалеска и д-р Билјана Ѓозинска, учествуваа на меѓународната обука организирана во рамки на проектот „Со дигитализација против корупција“ од програмата Erasmus+ Youth 2023 – Capacity Building in the Field of Youth – Western Balkans. Настанот се одржа во Тузла (Босна и Херцеговина) од 23 до 28 јули 2025 година.

Обуката, во траење од шест дена, беше организирана од страна на Акустикум (БиХ) во Peace Flame House во Тузла и на истата присуствуваа експерти, активисти и младински работници од цела Европа со цел да се разгледаат:

  • Правните и етичките аспекти на заштитата на укажувачите
  • Улогата на младите во борбата против корупцијата
  • ИКТ алатки за транспарентност и дигитален активизам

Д-р Билјана Ѓозинска, учествуваше и како обучувач со работилница на тема „“Whistleblowing: Speaking Up for Integrity”, ангажирајќи ги учесниците во отворен дијалог и практични алатки со цел да ги охрабри младите да се заложуваат за отчетноста.
Овој проект е кофинансиран од Европската Унија, а нашиот Институт учествува како официјален партнер.

Слики од настанот

Претставници на ИАРБ на меѓународната обука за заштита на укажувачи и ИКТ против корупција
Претставници на ИАРБ на меѓународната обука за заштита на укажувачи и ИКТ против корупција
Претставници на ИАРБ на меѓународната обука за заштита на укажувачи и ИКТ против корупција
Претставници на ИАРБ на меѓународната обука за заштита на укажувачи и ИКТ против корупција
Претставници на ИАРБ на меѓународната обука за заштита на укажувачи и ИКТ против корупција
Обука за младински работници на тема корупција во бизнис

Што е проектот Digital VS Corrupt?

„Со дигитализација против корупција" (DigitalVScorrupt, бр. 101131572) е 30-месечен Еразмус+ проект што трае од 1 декември 2023 до 1 мај 2026 година. Координатор е EPEKA Црна Гора, а ИАРБ е партнер.

Проектот се бори против корупцијата преку неформално образование, дигитални алатки и дијалог со креаторите на политики. Вклучува околу 900 учесници во обуки за младински работници, прекугранични соработки и конференции, а изработени се и прирачници, алатки и материјали за обука. Повеќе за проектот · Публикации од проектот.

Кои обврски ги имаат компаниите за заштита на укажувачите?

Согласно Законот за заштита на укажувачите, компаниите со повеќе од 10 вработени имаат обврска да именуваат овластено лице за прием на пријави од укажувачи и да изготват внатрешни акти за заштитено внатрешно пријавување. За непочитување на Законот се предвидени санкции за компанијата и за одговорното лице.

ИАРБ организира обуки за овластените лица, управителите и раководителите на правните сектори и секторите за човечки ресурси. Прирачник и алатки за укажувачи се достапни во публикациите од проектот „Со дигитализација против корупција".

Објавено од Институт за применети истражувања за бизнис (ИАРБ) · 02 Август, 2025 · Категорија: Проекти

Експерти на ИАРБ во оваа содржина: Анета Васиљевиќ-Шикалеска, Биљана Ѓозинска

Поврзани содржини

Поврзани вести