Анета Васиљевиќ-Шикалеска е доктор на технолошки науки, научен советник/редовен професор на Институтот за применети истражувања за бизнис и еден од неговите основачи.
Д-р Васиљевиќ-Шикалеска има 18-годишно искуство во високото образование, каде што предавала Математика и Статистика за економисти, како и предмети од областа на еколошка економија, одржлив развој и менаџмент на квалитет.
Нејзиниот научен интерес е насочен кон циркуларната економија, заштитата на животната средина и развојот на нови технологии и материјали. Повеќе од две децении активно учествува во бројни истражувачки и апликативни проекти, со значајно искуство во областа на нови материјали, циркуларна економија, управување со отпад и примена на обновливи извори на енергија, како и во примена на иновативни пристапи во високото образование ширум Европа.
Д-р Васиљевиќ-Шикалеска има искуство како проектен координатор на повеќе меѓународни Еразмус+ проекти во областа на образованието, како и на проекти поврзани со управување со отпад и искористување на отпадот како обновлив енергетски ресурс, финансирани од Светска банка. Исто така, таа била и член-заменик во менаџмент комитетот на два COST проекти во областа на наноматеријали и одржливо пакување на храна.
Има активно учество во креирањето наставни програми за предметот „Економија на одржливост“ и е коавтор на три поглавја во истоимената книга објавена од Универзитетот за економија во Катовице, Полска.
Д-р Васиљевиќ-Шикалеска е лиценциран вештак во областа на технолошко инженерство со лиценца од Министерството за правда, како и пронаоѓач и носител на патент, регистриран во Државниот завод за заштита на индустриска сопственост.
Области на експертиза
- Циркуларна економија
- Заштита на животната средина
- Управување со отпад
- Нови технологии и материјали
- Еколошка економија и одржлив развој
- Иновативни пристапи во високото образование
Публикации и научна работа во ИАРБ
- Коавтор на монографијата „Циркуларна економија: состојба и предизвици за македонските компании“ (2023, ISBN 978-608-67060-0-5)
- Коавтор на трудот „Зелени работни места и вештини во контекст на одржливиот развој“
- Коавтор на трудот „Systemic Cash Minimization through Digitalization as an Instrument of Anti-Money Laundering and Anti-Corruption Policy“, Зборник „Корупцијата и бизнисот“ (2025)
- Уредник на Зборникот на трудови од Меѓународниот научен собир „Корупцијата и бизнисот“ (2025)
- Уредник на Зборникот на трудови и Книгата на апстракти од Меѓународниот научен собир „Современи трендови во наставата, учењето и образовните иновации“ (2026)
- Коавтор на трудот „When Knowledge Becomes Kindness: Stages in the Development of Empathy in Primary School Students“, Зборник „Современи трендови во наставата, учењето и образовните иновации“ (2026)
- Член на научниот одбор на меѓународните научни собири „Корупцијата и бизнисот“ (2025) и „Современи трендови во наставата, учењето и образовните иновации“ (2026)
