Welcome to IARB

Институт за применети истражувања за бизнис е научно-истражувачка и консултантска установа чија основна цел е преку интердисциплинарни применети истражувања, од областа на економските, организационите, правните и инженерските науки, да одговори на потребите на бизнисите.

За нас

Научниот Институт за применети истражувања за бизнис е научно-истражувачка и консултантска установа чија основна цел е преку вмрежување на применети истражувања од областа на економските, организационите, правните и инженерските науки, и со балансирање на истите со заштитата и економијата на животната средина, континуирано да придонесува за унапредување на потребите на бизнисот во современото општество.

Нашата визија, цели и мисија

Цел #1: Приоритет на применетите научни истражувања

Давање на приоритет на применетите научни истражувања кои можат да придонесат за стимулирање на економските и еколошките перформанси на организациите

Цел #2: Стручни и научни услуги и експертиза за организации

Обезбедување на стручни и научни услуги и експертиза за прилагодување на организациските структури на претпријатијата, институциите, како и на образованието кон тековните услови во општеството.

Цел #3: Користење на иновативни пристапи во истражувањето

Користење на иновативни пристапи во истражувањето, трансфер на знаење и технологии и платформи за бизнис и екосистеми.

Цел #4: Меѓународна ориентираност и соработка

Меѓународна ориентираност и соработка со други центри за истражување, образование и услуги.

Цел #5: Објавување на истражувачките резултати и сознанија

Постојано подобрување на перформансите преку објавување на истражувачките резултати и сознанија во меѓународно препознатливи списанија, конференции и симпозиуми.

Визијата на Институтот за применети истражувања за бизнис е да биде водечка и меѓународно препознатлива истражувачка институција која обезбедува брзи, соодветни и реални решенија во насока на обезбедување одржливост на бизнисите.

Мисија #1:

Една од стратешките определби на Институтот е забрзување на процесот на интегрирање на одржливоста во бизнисите и континуирано придонесување во унапредувањето на потребите на бизнисите во денешното современо општество, балансирајќи ги иститите со заштитата и економијата на животната средина.

Мисија #2:

Императив за Институтот за применети истражувања за бизнис е континуирана надоградба на сознанијата, вештините и компетенциите во областа на економијата и бизнисот каде интердисциплинарно се испреплетуваат истражувачките интереси од областите на економските и организационите науки со тие на животната средина, инженерството и контролата на квалитет.

Мисија #3:

Исто така, Институтот работи и на едукативни програми за континуирано професионално усовршување кои се реализираат преку обуки, тренинзи, работилници и семинари и програми за специјализија (доквалификација или преквалификација).

Мисија #4:

Во текот на своите активности Институтот за применети истражувања за бизнис постојано воспоставува и ја проширува соработката со домашни и меѓународни научни институции, истражувачки центри и лаборатории, НВО и фондации за спроведување на заеднички проекти и подигање на научното ниво во истражувањата во областите на интерес.

Новости

Последни вести

Институтот за применети истражувања за бизнис организираше две локални работилници за спречување на корупцијата во јавните институции.

Одржани се првите две работилници на национално ниво, како дел од меѓународниот Еразмус проект...

Институтот за применети истражувања за бизнис организираше две локални работилници за спречување на корупцијата во јавните институции. ..

Повеќе
Институтот за применети истражувања за бизнис од неодамна стана членка на македонската мрежа на фондацијата Ана Линд.

Институтот стана членка на мрежата на фондацијата Ана Линд.

Институтот за применети истражувања за бизнис од неодамна стана членка на македонската мрежа на фондацијата Ана Линд...

Повеќе
Институтот за применети истражувања за бизнис во партнерство со организации од 14 држави ja започна имплементацијата на проектот Digital VS Corrupt: Fighting corruption in the Western Balkans.

Започна имплементацијата на проектот Digital VS Corrupt: Fighting corruption in the Western Balkans

Институтот за применети истражувања за бизнис во партнерство со организации од 14 држави ja започна имплементацијата на проектот Digital VS Corrupt: Fighting corruption in the Western Balkans...

Повеќе

Услуги

Институтот за применети истражувања за бизнис одговарајќи на реалните потреби на бизнисите и трендовите на пазарот на трудот покрај, научно истражувачка дејност и меѓународна соработка, нуди поголем број на интелектуални услуги од делокругот на специјализацијата на лицата вработени и ангажирани во него.

Обуки

Програми за континуирано професионално усовршување, професионален развој на компетенции, вештини и стручни квалификации на кандидатите од различни профили од приватниот и јавниот сектор.

Консултантски услуги

Консултантски услуги во делокругот на дејноста, со цел изнаоѓање оптимални решенија за проблемите на клиентите во различни подрачја од нивното работење

Програми за специјализација

Програмите за специјализација (преквалификација или доквалификација) Институтот за применети истражувања за бизнис ги организира во партнерство со европски образовни установи и центри

Нашиот тим

Нашиот тим се состои од професионалци, чие искуство и мотивираност овозможува комплетна реализација на нашите поставени цели.

Вработени

Д-р Адријана Булевска Зариќ

Директор
Научен соработник

Д-р Анета Васиљевиќ Шикалеска

Виш Научен соработник

Д-р Биљана Ѓозинска

Виш Научен соработник

М-р Оливера Николова

Соработник