Љубљана, 3 септември 2025 година – Здружението EPEKA, на 23. Фестивал на невладини организации LUPA го претстави меѓународниот проект Digital vs Corrupt. Проектот со спроведуваат партнери од неколку европски земји и се занимава со проблемот на корупцијата преку дигитални решенија и активно вклучување на младите.
Корупцијата претставува еден од најголемите предизвици на современите општества, бидејќи ја намалува довербата во институциите, го попречува економскиот развој и ја поткопува демократијата. Оттука, проектот Digital vs Corrupt ја зајакнува транспарентноста, одговорноста и активното граѓанство, при што младите преставуваат главна движечка сила за промени.
Проектот вклучува:
- обука на млади во дигитална писменост, етика и транспарентност,
- развивање дигитални алатки за следење и спречување на корупција,
- промовирање меѓународна соработка и размена на добри практики,
- активности за подигање на свеста за последиците од корупцијата.
Презентацијата на Фестивалот LUPA истакна дека прашањето на корупцијата е многу актуелно, а реакциите на посетителите покажаа голем интерес за вклучување на младите во справувањето со овој предизвик.
„Младите имаат енергија, креативност и знаење за да станат клучни актери во борбата против корупцијата. Со користење на дигитални решенија ги градиме темелите за поотворено и поправедно општество,“ нагласија од Здружението EPEKA, за време на презентацијата.
Проектот Digital vs Corrupt е кофинансиран во рамките на европски програми кои го поддржуваат младинскиот ангажман, иновациите и промоцијата на демократските вредности.
За повеќе информации: https://digitalvscorrupt.akustikum.org
