ОБУКИ ЗА КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ

Обуките за континуирано професионално усовршување овозможуваат професионален развој на компетенции, вештини и стручни квалификации на кандидатите од различни профили од приватниот и јавниот сектор.

Целта на овие обуки е да се збогатат и унапредат знаењата и вештините особено на лицата кои треба да стекнат одредени лиценци или сертификати или кои согласно закон имаат потреба за континуирано професионално усовршување во текот на извршувањето на својата професија.

Тематските обуки, советувања и работилници организирани од Институтот за применети истражувања за бизнис, во различни области, се спроведуваат онлајн или со физичко присуство. Истите се наменети за различни целни групи, почнувајќи од компаниите во приватниот и јавниот сектор кои имаат обврски во однос на повеќе закони поврзани со нивната дејност, финансиските институции, сметководствените бироа, ревизори, нотари и адвокати, потоа наставниците и стручните служби во училиштата и предучилишните установи кои имаат законска обврска за континуиран професионален развој.

За секоја од обуките се доделува СЕРТИФИКАТ за учество.

Пројавувањето на интерес за секоја од обуките е со наведување на називот на обуката на следната мејл адреса contact@iarb.edu.mk

За повеќе информации јавете се на 070 669 085.

Институтот за применети истражувања за бизнис организира обуки на повеќе теми во следните области:

Најчесто поставувани прашања

ИАРБ организира обуки за спречување перење пари и финансирање на тероризам, педагошки обуки и административни обуки, наменети за учесници од приватниот и јавниот сектор.

Пријавувањето се врши со испраќање е-пошта на contact@iarb.edu.mk со наведен назив на обуката за која сте заинтересирани, или со јавување на телефон 070 669 085.

Да, за секоја од обуките учесниците добиваат сертификат за учество.

Обуките се наменети за компании од приватниот и јавниот сектор, финансиски институции, сметководствени бироа, ревизори, нотари и адвокати, како и за наставници и стручни служби во образовните установи.