СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ

Обуките од областа на СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ кои тековно се реализираат на Институтот се следните:

Тема:

РЕГИСТЕРОТ НА ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ И РАБОТЕЊЕТО СО ВИРТУЕЛНИ СРЕДСТВА НИЗ ПРИЗМАТА НА ПЕТТАТА ДИРЕКТИВА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ

Цел на обуката:

Анализа на одредени прашања поврзани со поставеноста на Петтата директива на Европската унија за спречување перење пари и финансирање на тероризам, особено во делот на регистарот на вистински сопственици и тргувањето со виртуелни средства. Исто така во текот на обуката се разгледуваат и обврските коишто произлегуваат од Петтата директива и националното законодавство во однос на утврдувањето на вистинскиот сопственик на клиентот од страна на осигурителните компании, брокерските куќи, како и неговото запишување во регистарот на вистински сопственици од страна на регистрационите агенти. Дополнтелно, учесниците се запознаваат и со казнено правните аспекти на перењето пари и спречување тероризам.

Тема:

АКТИВНОСТИ НА ОВЛАСТЕНОТО ЛИЦЕ И ОДДЕЛОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ (СППФТ)

Цел на обуката:

Целта на обуката е слушателите на истата да се запознаат со условите кои треба да ги исполнат овластеното лице, неговиот заменик и вработените во одделот за СППФТ, како и нивните соодветни активности. Во текот на обуката се разработуваат и теми во однос на проценка на ризикот од ПП/ФТ, анализа на фактори на ризик кај клиентот и на ниво на субјект, елементи на ризик и мерки и дејствија за СППФТ. Исто така се обрнува внимание и на анализа на клиентите и на видовите на санкции и следење на листите на санкции.

Тема:

МЕРКИ И ДЕЈСТВИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ КОИ ГИ ПРЕЗЕМААТ НЕБАНКАРСКИТЕ ВРШИТЕЛИ НА ДЕЈНОСТ

Цел на обуката:

Запознавање на небанкарските вршители на дејност со законските обврски согласно ЗСППФТ како и со случаите кога се применуваат мерки и дејствија за СППФТ и кога има исклучоци од обврската за преземање на мерки и дејствија за СППФТ. Во текот на обуката слушателите ќе се стекнат со знаења во однос на одредени отворени прашања кај небанкарските вршители на дејност од аспект на ПП/ФТ.

Тема:

АНАЛИЗА НА РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ И МЕЃУНАРОДНИТЕ СТАНДАРДИ ВО СФЕРАТА НА ФИНАНСИРАЊЕТО НА ТЕРОРИЗМОТ И ПРОЛИФЕРАЦИЈАТА

Цел на обуката:

Запознавање со управувањето со ризикот од перење пари и финансирање тероризам преку примена на рестриктивни мерки. Во текот на обуката се обрнува подетално внимание на интерните контроли и соодветната примена на рестриктивните мерки, надлежните органи за евиденција и надзор над примената на рестриктивни мерки. Исто така, учесниците се запознаваат со меѓународните стандарди во сферата на финансирањето на тероризмот и пролиферацијата и со препораките на FATF кои што се однесуваат на борбата со финансирање на тероризмот.

Тема:

ТAILOR-MADE ОБУКА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ НАМЕНЕТА ЗА ФИНАНСИСКИ ДРУШТВА

Цел на обуката:

Запознавање на финансиските друштва со задолженијата и обврските на овластеното лице за СППФТ или Одделот за СППФТ во инансиското друштво, како и со мерките и дејствијата за спречување на перење пари кај финансиски друштва, анализа и засилена анализа на клиент и високоризични клиенти. Во текот на обуката се стекнуваат и знаења за индикаторите за сомнителни трансакции кај финансиски друштва како и за мерките за борба против финансирање на тероризам и примена на санкциони листи на ЕУ и ОН.

Најчесто поставувани прашања за обуките од областа на СПП/ФТ

Кои субјекти имаат обврска за обука од областа на СПП/ФТ?

Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (член 5) ги определува субјектите со обврска: финансиските институции и нивните подружници и филијали, сметководителите, адвокатите, нотарите и другите небанкарски вршители на дејност, како и приредувачите на игри на среќа.

Колку обуки годишно се задолжителни?

Според член 12 став 1 точка 12 и член 68 став 14 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, субјектите треба да обезбедат најмалку 2 обуки годишно за своите вработени од областа на спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Дали учесниците добиваат сертификат?

Да. Секој учесник добива сертификат за учество и материјали од обуката.

Како се одржуваат обуките?

Јавните обуки на ИАРБ се одржуваат онлајн, па може да се следат од било каде. За финансиски друштва и други субјекти организираме и tailor-made обуки прилагодени на нивната дејност.

Колку чини обуката?

Котизацијата за претстојната обука на 17 октомври 2026 е 4.900 денари по учесник и ги вклучува сертификатот за учество и материјалите од обуката.

Кои теми ги опфаќаат обуките?

Обврските и работата на овластеното лице и одделот за СПП/ФТ, анализа и засилена анализа на клиенти, индикатори за сомнителни трансакции, регистарот на вистински сопственици, виртуелни средства, рестриктивни мерки и санкциски листи, како и барањата на Управата за финансиско разузнавање (УФР) при надзор.

Како да се пријавам?

Испратете го името и презимето на учесникот на info@iarb.edu.mk. За дополнителни информации јавете се на 070 669 085.