Програмите за континуирано професионално усовршување овозможуваат професионален развој на компетенции, вештини и стручни квалификации на кандидатите од различни профили од приватниот и јавниот сектор.
Целта на овие програми е да се збогатат и унапредат знаењата и вештините особено на лицата кои треба да стекнат одредени лиценци или сертификати или кои согласно закон имаат потреба за континуирано професионално усовршување во текот на извршувањето на својата професија.
Институтот за применети истражувања за бизнис организира тематски обуки, советувања и работилници во различни области и истите се спроведуваат онлајн или со физичко присуство. Овие обуки се наменети за различни целни групи, почнувајќи од компаниите во приватниот и јавниот сектор кои имаат обврски во однос на повеќе закони поврзани со нивната дејност, финансиските институции, сметководствените бироа, ревизори, нотари и адвокати, потоа наставниците и стручните служби во училиштата и предучилишните установи кои имаат законска обврска за континуиран професионален развој.
Дел од обуките кои тековно се организираат на Институтот за применети истражувања се наведени како што следува:
- Заштита на укажувачите во приватниот сектор
- Регистерот на вистински сопственици и работењето со виртуелни средства низ призмата на Петтата директива на Европската Унија за спречување перење пари и финансирање на тероризам
- Тailor-made обука за спречување перење пари и финансирање тероризам наменета за финансиски друштва
- Кодекс за корпоративно управување на котираните друштва на Македонска берза, дискусија по структурата на новиот Кодекс и заклучоци и коментари од неговата првична примена.
- Тргување врз основа на внатрешни информации и пазарна манипулација
- Реализирање на интересите на бизнис заедницата преку лобирање во локалната самоуправа
- Заштита на личните податоци на вработените и клиентите
- Обврски и постапка за давање на информации од јавен карактер
- Специфични правни и економски аспекти на работните односи
- Регулатива за канцелариско и архивско работење
- Инклузија во предучилишно образование
- Механизми и техники за зголемување на мотивацијата на вработените
- Вештини на комуникација и односи со јавноста
- Менаџирање со конфликтни ситуации и самоконтрола на работно место
- Менаџерски и лидерски вештини на инженери
- Влијанието на екраните и важноста на играта во психомоторниот и емоционалниот развој на децата
- Врсничко насилство: рано препознавање и стратегии за превенција и справување
- Создавање на услови за ефективна вербална и невербална комуникација во училница
- Како да му помогнеме и полесно да го водиме детето низ вознемирувачките емоции?
- Од пофалба до дисциплина без казна
- Јавно соочување со себе и публиката!
- Информациите - море од вистини или лаги?
- Научи да пишуваш проекти за образовни институции!