ПЕДАГОШКИ ОБУКИ

Педагошките обуки кои тековно се реализираат на Институтот се следните:

Тема:

ИНКЛУЗИЈА ВО ПРЕДУЧИЛИШНО ОБРАЗОВАНИЕ

Цел на обуката:

Целта на обуката е да се зајакнат компетенциите на различните стручни профили кои работат во предучилишното образование во однос на нивните вештини за подобро организирање и реализирање на инклузивната воспитно-образовна работа.

Во насока на остварување на целите и задачите на предучилишното образование низ призмата на инклузија учесниците на обуката ќе се запознаат со законитостите на психичкиот развој како и психичката структура кај децата од предучилишна возраст, ќе се стекнат знаења и вештини за примена на разновидни креативни модели на работа со децата и соработка со семејствата, како и со начините на справување со секојдневните предизвици со кои се среќаваат во текот на работата во градинките.

Тема:

ВЛИЈАНИЕТО НА ЕКРАНИТЕ И ВАЖНОСТА НА ИГРАТА ВО ПСИХОМОТОРНИОТ И ЕМОЦИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ НА ДЕЦАТА

Цел на обуката:

Целта на обуката е да се зајакнат компетенциите на различните стручни профили кои работат во предучилишното образование во однос на нивните вештини за разбирање на важноста на играта во психомоторниот и емоционалне развој на децата во предучилишна возрасни, и родителите да стекнат соодветни знаења поврзани со темата ИГРА и за влијанието на користење на различни облици на техника и технологија, како и изложеност на екрани во оваа возраст на децата.

Тема:

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: РАНО ПРЕПОЗНАВАЊЕ И СТРАТЕГИИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ

Цел на обуката:

Иако врсничкото насилство не е единствениот вид насилство на кое се изложени децата и младите во училишната средина, тоа е една од почестите форми на насилство низ кое поминуваат дел од учениците. За да може ефективно да се спречи овој проблем потребно е кадарот во училиштата (стручните служби и наставниците) да се стекнат со вештини за видовите и формите на врсничко насилство во училиштето, раното препознавање и превентивните стратегии за спречување на истото.

Тема:

КАКО ДА МУ ПОМОГНЕМЕ И ПОЛЕСНО ДА ГО ВОДИМЕ ДЕТЕТО НИЗ ВОЗНЕМИРУВАЧКИТЕ ЕМОЦИИ?

Цел на обуката:

Низ различни животни периоди емоциите доживуваат различен облик на експресија, а најтешко е да се искажат во детството и адолесценцијата, оттука сигурно поинаку ќе погледнеме на она што децата преку емоциите сакаат да ни го кажат. Затоа целта на оваа обука е да се пренесат знаењата и практичните искуства од полето на психологијата и емоциите на децата и младите со цел подобро да ги препознаеме, разбереме, дискутираме нивните емоции и емоционални доживувања донесени во училницата, но и да ги водиме низ процесот на вознемирувачки емоции кои се сотавен дел од растот. Учевството на ваква обука ќе допринесе до подобро професионално дејствување и справување со предизвиците на новите генерации

Тема:

ОД ПОФАЛБА ДО ДИСЦИПЛИНА БЕЗ КАЗНА

Цел на обуката:

Пофалбата има силно воспитно влијание врз учениците и важи за стимул за напредок и мотив за постигнување добри резултати. Оваа обука има за цел да го доближи значењето на пофалбата низ образовниот процес како и влијанието и важноста на конструктивната критика се со цел дисциплина на повисоко ниво во училницата.Токму затоа оваа обука придонесува во градење на нови знаења,стекнување на вештини за комуникација во која умереноста на пофалбата и критиката ќе доведат до дисциплината и постигнување посакувани обострани успеси.

Тема:

НАУЧИ ДА ПИШУВАШ ПРОЕКТИ ЗА ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ!

Цел на обуката:

Стекнување со знаења како од проектна идеја до успешна проектна апликација и запознавање со административните правила и процедури во постапката на аплицирање на различни донаторски програми.

Тема:

ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШЕН ЈАВЕН НАСТАП!

Цел на обуката:

Стекнување со следните вештини: Како до успешна презентација? Научете како дастекнете самодоверба за да имате успешен јавен настап. Модерирајте ја информацијата и бидете убедливи. Изградете сигурен јавен настап.

Тема:

ИНФОРМАЦИИТЕ - МОРЕ ОД ВИСТИНИ ИЛИ ЛАГИ?

Цел на обуката:

Стекнување со следните вештини: Како да ја препознаеме вистинската информација? Колкаво и какво е влијанието на медиумските информации што доаѓаат до нас? Како да научиме да ја прифаќаме информацијата?

Тема:

ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА СЕМЕЈНА ТРАУМА ВО УЧИЛНИЦАТА-ПОДДРШКА И РАЗБИРАЊЕ.

Цел на обуката:

Оваа обука има за цел да да отвори тема која изминативе години е во сенка на врсничката траума-насилство, а е предизвик со кој во секојдневието се соочуваат училишните кадри.Исто така им обезбедува на наставниците стекнување со знаења вештин и и ресурси потребни за препознавање и поддршка на ученици кои доживеале семејна траума,поддржувајќи ја нивната емоционална благосостојба.

Тема:

ГРАДЕЊЕ НА РЕЗИЛИЕНТИ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ – СОЗДАВАЊЕ ГЕНЕРАЦИИ СПРЕМНИ ЗА ПРЕДИЗВИЦИ

Цел на обуката:

Оваа обука има за цел да отвори тема за сите специфичности на новите генерации и да го истакне различниот пристапот за работа со нив,улогата на воспитувачот и наставникот во процесот на раст и градење на слика за себе,самодоверба и способност за соочување со животни предизвици итн.Оваа обука нуди можност да се отворат прашања за емоционалните состојби и ќе понуди опции како како низ тие процеси да создадеме личности спремни за предизвиците во иднина.

Тема:

ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ И УЧИЛИШТАTA ПРЕКУ АПЛИЦИРАЊЕ И УЧЕСТВО НА ЕУ ПРОЕКТИ

Цел на обуката:

Целта на обуката е да се пренесат знаења и практични искуства на вработените во предучилишните установи, како и во училиштата, за аплицирањето и учеството во Европски проекти. Во текот на обуката се споделуваат долгогодишни искуства и знаења од страна на предавачите за можностите кои ги нудат учествата во ЕУ проектите, при што учесниците се запознаваат со административни правила и процедури за аплицирање и спроведување на проекти од ЕУ и други донаторски програми, добиваат насоки за подготовка на буџет на проектната апликација и совети за избегнување на честите грешки кои се прават при пишување на проектите. Обуката е интердисциплинарна, практична и со целосно вклучување на учесниците за текот и изработката на конкретна проектна апликација. Учеството на ваква обука севкупно позитивно ќе се одрази на индивидуалниот професионален развој на вработените во предучилишните установи и во училиштата, а со тоа и врз капацитетот на нивните матични институции.