Консултантски услуги

Институтот нуди консултантски услуги во делокругот на дејноста, со цел изнаоѓање оптимални решенија за проблемите на клиентите во различни подрачја од нивното работење, пред се во доменот на корпорациските стратегии, корпоративни финансии и сметководство, проценка на вредноста на претпријатијата, регрутирање и развој на човечки ресурси, изработка на маркетинг стратегии и следење на влијанијата на сите економско- општествени активности врз животната средина.

Консултантски услуги се остваруваат преку

  1. Вештачења, супер вештачења и проценки од следните области:
    • материјално, сметководствено и финансиско работење;
    • заштита на авторските права, други сродни права и права на интелектуална сопственост;
    • технолошко инженерство;
    • машинство и сообраќај.
  2. Студии и советувања за контрола на квалитет на процеси и производи.
  3. Стратегии и процедури за воведување на стандарди од областите на делување.
  4. Студии за изводливост за ефикасност на ресурсите.
  5. Воведување на индикатори за имплементација на циркуларната економија.
  6. Изработка на бизнис планови и финансиски планови.
  7. Физибилити студии.
  8. Други анализи по потреба и барање на компании и институции.

Експерти зад услугите

ОбластЕксперт на ИАРБИскуство
Материјално, сметководствено и финансиско работењеД-р Адријана Булевска ЗариќОвластен вештак за материјално, финансиско и сметководствено работење, со долгогодишно искуство како судски вештак и над 17 години професионално искуство во финансии
Авторски права и индустриска сопственостД-р Биљана ЃозинскаОвластен вештак за авторски права и права од индустриска сопственост; доктор на правни науки, деловно право и право на ЕУ
Циркуларна економија, ефикасност на ресурсите и управување со отпадД-р Анета Васиљевиќ-ШикалескаДоктор на технолошки науки; авторка на монографијата „Циркуларна економија: состојба и предизвици за македонските компании“

Како работиме

  1. Ни го опишувате прашањето или потребата на info@iarb.edu.mk или на 070 669 085.
  2. Го дефинираме обемот на анализата, роковите и понудата.
  3. Експертите на Институтот ја изработуваат анализата, студијата или вештачењето.
  4. Добивате писмен извештај, мислење или план, со објаснување на наодите.

Најчесто поставувани прашања

ИАРБ нуди консултантски услуги во делокругот на корпорациски стратегии, корпоративни финансии и сметководство, проценка на вредноста на претпријатијата, регрутирање и развој на човечки ресурси, маркетинг стратегии и следење на влијанијата на економско-општествените активности врз животната средина.

Да, ИАРБ изработува вештачења, супер вештачења и проценки од материјално, сметководствено и финансиско работење, заштита на авторски и сродни права, технолошко инженерство, машинство и сообраќај.

Да, изработка на бизнис планови и финансиски планови, како и физибилити студии, се дел од консултантските услуги на ИАРБ.

Компании и институции од различни дејности можат да побараат консултантски услуги и анализи прилагодени на нивните конкретни потреби.