АДМИНИСТРАТИВНИ ОБУКИ

Обуките кои тековно се реализираат на Институтот, а се наменети за кадарот што работи во администрација, се следните:

Тема:

КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

Цел на обуката:

Целта на обуката е на едноставен начин да го објасни водењето на архивските книги и начинот на евидентирање на документацијата во правниот субјект. Поради сложената регулатива за евидентирање, чување и уништување на архивскиот и документиран материјал, обуката ќе понуди јасни и применливи насоки за секојдневното извршување на задачите на вработените.

Тема:

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Цел на обуката:

Оваа обука има за цел на едноставен начин да ги објасни деловите од законот кои се применливи во секој правен субјект. Се состои од теоретски дел, во кој ќе се објаснат надлежностите и обврските на офицерот за заштита на лични податоци, и мерките и политиките кои треба да се имплементираат од правните лица. правата на субјектите на лични податоци, и практичен дел, во кој ќе бидат споделени примери на акти (правилници, политики, обрасци) кои треба да ги имплементираат правните субјекти.

Тема:

КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ

Цел на обуката:

Целта на оваа обука е да ги подобри комуникациските вештини на учесниците со посебен осврт на правилата и принципите на деловната вербална и невербална комуникација и со најсоодветните стилови за комуницирање на работно место. Дополнително, тематски ќе се опфати и јавен настап и медиумска писменост.

Тема:

СПЕЦИФИЧНИ ПРАВНИ И ЕКОНОМСКИ АСПЕКТИ НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

Цел на обуката:

Да им даде знаење на присутните учесници од јавните претпријатија за најчестите проблеми кои се појавуваат при регулирање на работните односи во јавните претпријатија, во делот на договорите за вработување и во делот на пресметките на плати, работно време, надоместоци и додатоци на плати. Имајќи го предвид големото искуството на експертите од Институтот во судски вештачења за работни односи, и судската пракса што постои во овој дел, со ова советување на присутните преставници на јавните претпријатија ќе им се укаже за тоа кој е најсоодветниот начин за регулирање на работните односи и кои се задолжителните законски надоместоци и додатоци, со цел Јавните претпријатија да бидат поштедени од идни спорови со вработените.

Тема:

ПОСТАПКА ЗА ЛОБИРАЊЕ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Цел на обуката:

Оваа обука има за цел на наједноставен начин да ја објасни постапката на лобирање во локалната самоуправа, дефинирање на тоа што може да биде предмет на лобирање во локалната самоуправа, кој може да биде лобист и како одговорните лице, генерални секретари или други именувани или избрани лица во локалната самоуправа треба да постапат во случај на лобирање.

Тема:

ОБВРСКИ И ПОСТАПКА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА ВО ОДНОС НА ДАВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Цел на обуката:

Учесниците ќе се стекнат со знаења за обврските кои ги имаат согласно Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер и за начинот на постапување по поднесено барање за пристап до информации од јавен карактер.

Најчесто поставувани прашања за административните обуки

За кого се наменети административните обуки?

За вработените во администрација во компании, јавни претпријатија, општини и училишта, како и за одговорните лица и секретарите кои ги применуваат законските обврски на својата институција.

Кои теми ги опфаќаат административните обуки?

Канцелариско и архивско работење, заштита на личните податоци, комуникациски вештини, правни и економски аспекти на работните односи, постапка за лобирање во локалната самоуправа и обврските за давање информации од јавен карактер.

Дали обуките содржат практични примери?

Да. Покрај законските обврски, обуките нудат практични насоки и примери, на пример примери на акти, правилници и обрасци за заштита на личните податоци.

Дали учесниците добиваат сертификат?

Да. Учесниците добиваат сертификат за учество.

Како да нарачам обука за нашата институција?

Испратете е-пошта на contact@iarb.edu.mk или јавете се на 070 669 085 и ќе договориме тема, термин и формат прилагодени на Вашата институција.