Адријана Булевска Зариќ е доктор на економски науки, научен соработник/доцент на Институтот за применети истражувања за бизнис и еден од неговите основачи.
Нејзиниот научен и професионален интерес е насочен кон финансии, финансиски менаџмент и сметководство.Има повеќе од 10 години искуство во високото образование и над 17 години професионално искуство во областа на финансии.
Д-р Булевска Зариќ има значајна улога како проектен менаџер и истражувач во бројни национални и меѓународни проекти, спроведени во рамките на програмите Еразмус+, Светска банка и Цивика Мобилитас. Проектите се фокусирани на примена на иновативни методи на учење, унапредување на меки вештини кај студентите и зголемување на нивната финансиска писменост.
Во рамки на проект од програмата EIDHR, таа учествувала како тренер за квалификација и преквалификација на вработени, со цел зајакнување на нивните професионални капацитети и унапредување на работните позиции.
Д-р Булевска Зариќ е лиценциран вештак во областа на материјално, финансиско и сметководствено работење и има богато искуство како вештак во судски предмети од овие области.
Области на експертиза
- Финансии и финансиски менаџмент
- Сметководство
- Финансиска писменост
- Иновативни методи на настава
- Судско вештачење од областа на материјално и финансиско работење
Публикации и научна работа во ИАРБ
- Коавтор на трудот „Зелени работни места и вештини во контекст на одржливиот развој“
- Коавтор на трудот „Systemic Cash Minimization through Digitalization as an Instrument of Anti-Money Laundering and Anti-Corruption Policy“, Зборник „Корупцијата и бизнисот“ (2025)
- Коавтор на апстрактот „When Knowledge Becomes Kindness: Stages in the Development of Empathy in Primary School Students“ (2026)
- Директор и „за издавачот“ на монографијата „Циркуларна економија: состојба и предизвици за македонските компании“ (2023)
- Член на научниот одбор на меѓународните научни собири „Корупцијата и бизнисот“ (2025) и „Современи трендови во наставата, учењето и образовните иновации“ (2026)
