Д-р Биљана Ѓозинска е доктор на правни науки, научен советник / редовен професор на Институтот за применети истражувања за бизнис и еден од неговите основачи.
Нејзиниот професионален фокус е насочен кон деловното право и правото на Европската унија. Таа е лиценциран вештак во областа на авторските права и правата од индустриска сопственост.
Со 16 години искуство во високото образование, од кои 5 години на раководна позиција на факултетско ниво, д-р Ѓозинска има значајно академско и управувачко портфолио. Таа има долгогодишно искуство како институционален проектен координатор, финансиски координатор и истражувач на проекти финансирани преку програмите ИПА, ЦЕИ и Еразмус+, во области како што се претприемништво, циркуларна економија, развој на иновативни модели за учење и софтвер за бизнис симулација.
Како истражувач на Еразмус+ проект посветен на економијата на одржливоста, таа е коавтор на три поглавја од универзитетскиот учебник Економија на одржливост, објавен од Универзитетот за економија во Катовице, Полска.
Дополнително, д-р Ѓозинска има богато искуство и во неформалното образование како тренер на бројни обуки и работилници во областа на правото и управувањето со проектен циклус.
Области на експертиза
- Деловно право
- Право на Европската унија
- Авторско право и индустриска сопственост
- Управување со проектен циклус
- Циркуларна економија
Публикации и научна работа во ИАРБ
- Коавтор на монографијата „Циркуларна економија: состојба и предизвици за македонските компании“ (2023, ISBN 978-608-67060-0-5)
- Коавтор на трудот „Зелени работни места и вештини во контекст на одржливиот развој“
- Коавтор на трудот „Systemic Cash Minimization through Digitalization as an Instrument of Anti-Money Laundering and Anti-Corruption Policy“, Зборник „Корупцијата и бизнисот“ (2025)
- Коавтор на трудот „When Knowledge Becomes Kindness: Stages in the Development of Empathy in Primary School Students“, Зборник „Современи трендови во наставата, учењето и образовните иновации“ (2026)
- Директор и „за издавачот“ на Зборникот „Корупцијата и бизнисот“ (2025) и на Зборникот и Книгата на апстракти „Современи трендови во наставата, учењето и образовните иновации“ (2026)
- Член на научниот одбор на меѓународните научни собири „Корупцијата и бизнисот“ (2025) и „Современи трендови во наставата, учењето и образовните иновации“ (2026)
