Драгана Велјаноска

Dragana Veljanoska

М-р Драгана Велјаноска магистер по меѓународни односи, како и магистер по Човекови Права и Демократија во Југоисточна Европа. Тековно Велјаноска е студент на докторски студии на Катедра за балкански, славистички и ориентални студии при Универзитет на Македонија , Солун (Грција), а на Институтот е ангажирана како соработник- истражувач.

Драгана има долгогодишно искуство како консултант за С.Македонија во European Endowment for Democracy, но и како обучувач за управување со проектен циклус и учесник во различни иницијативи за зајакнување на локалните организации за застапување за родова еднаквост, имплементирани од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Нејзината експертиза вклучува промовирање на инклузија во образованието и оценување на работната ефикасност и мотивирање на различни тимови и акко таква може да даде значаен придонес и во овој Проект.

Области на експертиза:
  • Родова еднаквост и застапување на локални организации
  • Инклузија во образованието
  • Управување со проектен циклус
  • Оценување на работната ефикасност и мотивација на тимови

Како предавач ангажиран од Институтот, Драгана Велјаноска предаваше на темата „Позитивна дисциплина во училницата: Клуч за успех на учениците“, во рамки на обуките за вработени во образовните институции.