Монографија · д-р Анета Васиљевиќ-Шикалеска и д-р Биљана Ѓозинска · Скопје, 2023 · ISBN 978-608-67060-0-5
Монографијата „Циркуларна економија: состојба и предизвици за македонските компании“ го анализира преминот од линеарна економија, по принципот „земи, искористи, исфрли“, кон циркуларна економија, по принципот „направи, (повторно) употреби, рециклирај“. Авторите ги објаснуваат концептот и клучните принципи на циркуларната економија, бизнис моделите и практиките кои ја поттикнуваат и индикаторите со кои се мери нивото на циркуларност.
Бидејќи управувањето со отпад е најраспространетата циркуларна практика, книгата дава длабинска анализа на практиките за управување со отпад во Европската унија и преглед на пристапите за оптимизирање на системите за управување со отпад. Емпириското истражување спроведено за потребите на книгата покажува каде се македонските компании во примената на циркуларни практики и кои фактори влијаат врз одлуките на потрошувачите. Повеќе за објавувањето на книгата прочитајте во веста за промоцијата на монографијата.
Преземете ја монографијата
Циркуларна економија: состојба и предизвици за македонските компании (PDF, на македонски јазик)Издавач: Институт за применети истражувања за бизнис, Скопје. Рецензенти: проф. д-р Фредерика Поповска-Павловска и проф. д-р Слаѓана Стојановска. CIP-каталогизација: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје, COBISS.MK-ID 60720133.
Содржина на книгата
- Циркуларна економија: концепт и клучни принципи, бизнис модели и практики, индикатори за мерење на циркуларноста
- Управување со отпад: практики во Европската унија и пристапи за оптимизирање на системите за управување со отпад
- Однесување на потрошувачите и нивната улога во преодот кон циркуларна економија
- Емпириско истражување за состојбата и предизвиците кај македонските компании и за факторите кои ги поттикнуваат потрошувачите да применуваат циркуларни практики
- Заклучоци и препораки, библиографија и прилози
За авторите
Д-р Анета Васиљевиќ-Шикалеска е доктор на технолошки науки, со фокус на заштита на животната средина, циркуларна економија и нови технологии и материјали, и долгогодишен истражувач и проектен координатор во истражувачки и апликативни проекти.
Д-р Биљана Ѓозинска е доктор на правни науки од областа на меѓународното стопанско право и правото на Европската унија, со искуство како проектен координатор и истражувач во проекти од програмите IPA, CEI и Еразмус+ поврзани со претприемништво и циркуларна економија.
Поврзани истражувања на Институтот за циркуларна економија и зелени работни места се прикажани на страницата Проекти.
