Публикации од проекти
Со Дигитализација против корупција

Проект: Со Дигитализација против корупција

Еразмус+ YOUTH-2023-CB · Број на проект: 101131572

Во рамките на овој проект се изработени 9 публикации на македонски јазик наменети за граѓани, организации и институции кои се занимаваат со спречување на корупција преку дигитални алатки.

Публикациите се објавени во декември 2025 година од конзорциумот на Еразмус+ проектот „Со дигитализација против корупција“, кој го координира EPEKA (Црна Гора) и во кој учествуваат 16 организации од 14 земји од Европската унија и Западен Балкан. Институтот за применети истражувања за бизнис е прв наведен автор на сетот за корупција во бизнисот. Сите публикации може бесплатно да се преземат и се наменети за младински работници, граѓански организации, едукатори и професионалци.

За секоја тема има три публикации кои се надополнуваат:

  • Прирачник: методи на неформално образование што младинските работници и едукаторите можат да ги користат за справување со корупцијата.
  • Алатка (toolkit): практични насоки за пријавување корупција, а во сетот за укажувачи, за заштита на укажувачите и користење на ИКТ против корупцијата.
  • Материјал за обука: сет на модули за обука за младински работници, граѓански организации, едукатори и практичари.
Трите сета публикации
ТемаСтраници (прирачник / алатка / материјал за обука, англиско издание)Прв наведен автор
Корупција во бизнисот35 / 26 / 30Институт за применети истражувања за бизнис, Северна Македонија
Корупција во јавниот сектор27 / 21 / 27EPEKA, Србија
Заштита на укажувачи25 / 27 / 27Udruženje Akustikum, Босна и Херцеговина

Корупција во бизнис
Прирачник
Toolkit
Материјал за обука

Корупција во јавниот сектор
Прирачник
Toolkit
Материјал за обука

Укажувачи
Прирачник
Toolkit
Материјал за обука
Digital vs Corrupt

Најчесто поставувани прашања

„Со Дигитализација против корупција“ е проект финансиран од Еразмус+ (YOUTH-2023-CB), број на проект 101131572, во рамките на кој се изработени публикации наменети за граѓани, организации и институции кои се занимаваат со спречување на корупција преку дигитални алатки.

Во рамките на проектот се изработени 9 публикации, достапни на македонски и на англиски јазик.

Да, сите прирачници, toolkit-и и материјали за обука можат бесплатно да се преземат директно од оваа страница.

Публикациите се поделени во три теми - корупција во бизнис, корупција во јавниот сектор и укажувачи - секоја со прирачник, toolkit и материјал за обука.