Нена Минчев

Нена Минчев е магистер по аудиовизуелни уметности – продуцент и асистент истражувач на Институтот за применети истражувања за бизнис. Фокусот на научниот и професионалниот интерес на м-р Минчев е во областа на комуникации, продукција и културен менаџмент. Таа има повеќегодишно работно искуство во овие области, но и долгогодишен ангажман во менаџирање со проекти од областа на животната средина, како и во развој на научно-истражувачки трудови и проекти.

М-р Нена Минчев има обемна активност во полето на филмската и театарската продукција, каде се јавува и како автор/продуцент на проектите финансирани од USFS, Министерството за култура, Министерство за животна средина и просторно планирање и Центарот за фолклор во Источна Европа (Њујорк,САД). За проектот FAO REUFIS (мрежа за шумски инвазивни видови) е ангажирана како извршен асистент.

Од нејзините публикации се издвојуваат книгата The Weaver - Еbook, публикувана 2021 и Истражување: ТВ-медиуми-формалнo и неформалнo образование, публикувано 2018 година.