Никола Амбарков

Никола Амбарков е дипломиран новинар, магистер по Европски студии за интеграција, доктор на политички науки од областа на политичките ситеми и Научен соработник на Институтот за применети истражувања за бизнис. Сферата на неговиот научен интерес се политичките, партиските, изборните системи со посебен фокус на земјите со консоцијативен модел на демократија.

Неговото претходно работно искуство е во полето на новинарството, но бил ангажиран и во високото образование како предавач на група предмети од доменот на правно-политичките науки. Има објавено повеќе научно-истражувачки трудови и учество на академски собири со теми од областа на партиските и изборните системи, консоцијативниот и делиберативниот модел на демократија, уставниот инженеринг и постконфликтното градење на мир во длабоко поделени општества итн.