
Институтот за применети истражувања за бизнис
организираше две локални работилници за спречување на корупцијата во
јавните институции.
Работилниците се одржаа на 22 и 23 Ноември 2024 година во просториите на
Граѓански ресурсен центар и на Институтот за применети истражувања во
Скопје.
Работилниците се дел од активностите на проектот “Со Дигитализација против
корупција” и беа наменети првенствено за младинските работници, а потоа и за
сите останати кои на некаков начин работат и соработуваат со младите луѓе.
Целта на работилниците беше да се подигне свеста за негативните влијанија на
корупцијата врз општеството, вклучително и како таа ја поткопува
демократијата, економскиот развој, социјалната правда и довербата во јавните
институции.
Во текот на работилниците се разговараше и за начините на кои
младите луѓе со помош на различни дигитални алатки ќе се мотивираат да
станат активни учесници во борбата против корупцијата, разбирајќи дека имаат
витална улога во создавањето транспарентни и одговорни системи. Вештините
стекнати на овие работилници ќе им овозможат на младинските работници да ги
поттикнуваат младите да се залагаат за посилни антикорупциски политики и
реформи, транспарентност и одговорност и да учествуваат во процесите на
креирање политики.

Во меѓународниот Еразмус проект "Со Дигитализација против корупција" учествуваат организации од 15 европски земји. Овој тригодишен проект е финансиран од EACEA на Европската Унија.
Ознаки:
Што е проектот Digital VS Corrupt?
„Со дигитализација против корупција" (DigitalVScorrupt, бр. 101131572) е 30-месечен Еразмус+ проект што трае од 1 декември 2023 до 1 мај 2026 година. Координатор е EPEKA Црна Гора, а ИАРБ е партнер.
Проектот се бори против корупцијата преку неформално образование, дигитални алатки и дијалог со креаторите на политики. Вклучува околу 900 учесници во обуки за младински работници, прекугранични соработки и конференции, а изработени се и прирачници, алатки и материјали за обука. Повеќе за проектот · Публикации од проектот.
