Digital vs Corrupt: Оспособување на младите да се борат против корупцијата преку дигитализација

Еразмус+ проект Дигитал вс Корупт – зајакнување на младите за борба против корупцијата преку дигитализација
Накратко: Љубљана, 3 септември 2025 година – Здружението EPEKA, на 23. Фестивал на невладини организации LUPA го претстави меѓународниот проект Digital vs Corrupt. Проектот со спроведуваат партнери од неколку европски земји и се занимава со проблемот на корупцијата преку дигитални решенија и активно вклучување на младите.

Љубљана, 3 септември 2025 година – Здружението EPEKA, на 23. Фестивал на невладини организации LUPA го претстави меѓународниот проект Digital vs Corrupt. Проектот со спроведуваат партнери од неколку европски земји и се занимава со проблемот на корупцијата преку дигитални решенија и активно вклучување на младите.

Корупцијата претставува еден од најголемите предизвици на современите општества, бидејќи ја намалува довербата во институциите, го попречува економскиот развој и ја поткопува демократијата. Оттука, проектот Digital vs Corrupt ја зајакнува транспарентноста, одговорноста и активното граѓанство, при што младите преставуваат главна движечка сила за промени.

Проектот вклучува:

  • обука на млади во дигитална писменост, етика и транспарентност,
  • развивање дигитални алатки за следење и спречување на корупција,
  • промовирање меѓународна соработка и размена на добри практики,
  • активности за подигање на свеста за последиците од корупцијата.

Презентацијата на Фестивалот LUPA истакна дека прашањето на корупцијата е многу актуелно, а реакциите на посетителите покажаа голем интерес за вклучување на младите во справувањето со овој предизвик.

„Младите имаат енергија, креативност и знаење за да станат клучни актери во борбата против корупцијата. Со користење на дигитални решенија ги градиме темелите за поотворено и поправедно општество,“ нагласија од Здружението EPEKA, за време на презентацијата.

Проектот Digital vs Corrupt е кофинансиран во рамките на европски програми кои го поддржуваат младинскиот ангажман, иновациите и промоцијата на демократските вредности.

За повеќе информации: посетете ја веб-страницата на проектот Digital vs Corrupt

Што е проектот Digital VS Corrupt?

„Со дигитализација против корупција" (DigitalVScorrupt, бр. 101131572) е 30-месечен Еразмус+ проект што трае од 1 декември 2023 до 1 мај 2026 година. Координатор е EPEKA Црна Гора, а ИАРБ е партнер.

Проектот се бори против корупцијата преку неформално образование, дигитални алатки и дијалог со креаторите на политики. Вклучува околу 900 учесници во обуки за младински работници, прекугранични соработки и конференции, а изработени се и прирачници, алатки и материјали за обука. Повеќе за проектот · Публикации од проектот.

Објавено од Институт за применети истражувања за бизнис (ИАРБ) · 06 Ноември, 2025 · Категорија: Проекти

Поврзани содржини

Поврзани вести