Институтот за применети истражувања за бизнис во соработка со Институтот за проектен менаџмент и развој Ве покануваат на обука од областа на спречување перење пари и финансирање на тероризам на тема „Усогласеност со Законот за СПП/ФТ – барања и очекувања на УФР при надзор".
Законска обврска за обука
Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам во член 5, член 12 став 1 точка 12 и член 68 став 14 ги определува субјектите кои имаат обврска за најмалку 2 обуки годишно на вработените од областа на спречување перење пари и финансирање на тероризам.
За кого е наменета обуката
- Финансиски институции и нивните подружници и филијали
- Сметководители, адвокати, нотари и други небанкарски вршители на дејност
- Приредувачи на игри на среќа
Цел на обуката
Да се унапреди разбирањето на субјектите за законските и подзаконските обврски во областа на спречувањето перење пари и финансирање на тероризам, со посебен фокус на барањата, очекувањата и практиките на Управата за финансиско разузнавање (УФР) при спроведување на надзор, анализа на сомнителни трансакции и користење на отворени извори.
Предавачи
- Д-р Ивица Симоновски
- Александар Ѓоргиевски
Начин на одржување, котизација и рок за пријавување
- Обуката ќе се одржи онлајн.
- Котизацијата е 4.900 денари. Вклучени се сертификат за учество и материјали од обуката.
- Пријавувањето е до 10 октомври 2026, со наведување на име и презиме на учесникот, на е-пошта info@iarb.edu.mk.
Дополнителни информации на info@iarb.edu.mk и 070 669 085. Погледнете ги и најчесто поставуваните прашања за обуките од областа на СПП/ФТ.
Ознаки:
Зошто е задолжителна обуката за спречување перење пари?
Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (член 5, член 12 став 1 точка 12 и член 68 став 14) ги определува субјектите кои имаат обврска да обезбедат најмалку 2 обуки годишно за своите вработени. Тоа се финансиските институции и нивните подружници и филијали, сметководителите, адвокатите, нотарите и другите небанкарски вршители на дејност, како и приредувачите на игри на среќа.
ИАРБ редовно организира вакви обуки, онлајн и како tailor-made обуки за конкретни субјекти. Учесниците добиваат сертификат за учество и материјали од обуката. Погледнете ги обуките за СПП/ФТ и најчесто поставуваните прашања.
