Обука на тема: Мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање на тероризам кои ги преземаат небанкарските вршители на дејност

Обука за мерки за спречување перење пари и финансирање тероризам за небанкарски оператори
Накратко: На 08 Јули 2023 год. на Институтот за применети истражувања за бизнис во Скопје со почеток во 10 часот се одржа обука на тема "Мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање на тероризам кои ги преземаат небанкарските вршители на дејност"

На 08 Јули 2023 год. на Институтот за применети истражувања за бизнис во Скопје со почеток во 10 часот се одржа обука на тема “Мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање на тероризам кои ги преземаат небанкарските вршители на дејност”. Обуката беше хибридна (со физичко и онлајн присуство) и со интерактивен карактер. Во текот на обуката се разговараше за отворените прашања кај нефинансиските институции од аспект на спречување перење пари и финансирање тероризам, за ризично базиран пристап, ризик на клиент, ризик на земја и ризик на трансакција, како и за случаите кога и кои мерки и дејствија за сппфт се применуваат при СППФТ од страна на небанкарските вршители на дејност.
На обуката присуствуваа адвокати, сметководители и вработени во субјекти кои се небанкарски вршители на дејност, приредувачи на игри на среќа и финансиски институции и нивни подружници.

Предавачот на обуката, д-р Гоце Трајковски, е долгогодишен член на Комитетот на експерти за спречување перење пари и финансирање на тероризам во Советот на Европа (Moneyval) и има повеќегодишно искуство како предавач во областа на спречување перење пари и финансирање тероризам. Институтот за применети истражувања за бизнис уште еднаш се заблагодарува за вниманието и присуството на сите учесници на обуката.

Зошто е задолжителна обуката за спречување перење пари?

Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (член 5, член 12 став 1 точка 12 и член 68 став 14) ги определува субјектите кои имаат обврска да обезбедат најмалку 2 обуки годишно за своите вработени. Тоа се финансиските институции и нивните подружници и филијали, сметководителите, адвокатите, нотарите и другите небанкарски вршители на дејност, како и приредувачите на игри на среќа.

ИАРБ редовно организира вакви обуки, онлајн и како tailor-made обуки за конкретни субјекти. Учесниците добиваат сертификат за учество и материјали од обуката. Погледнете ги обуките за СПП/ФТ и најчесто поставуваните прашања.

Објавено од Институт за применети истражувања за бизнис (ИАРБ) · 13 Јули, 2023 · Категорија: Обуки

Поврзани содржини

Поврзани вести