Одржана обука на тема:
Анализа на рестриктивните мерки и меѓународните стандарди во сферата на финансирањето на тероризмот и пролиферацијата

Анализа на рестриктивни мерки и меѓународни стандарди во областа на финансирање на тероризмот и пролиферацијата
Накратко: На 23 Декември 2023 год. на Научниот институт за применети истражувања за бизнис во Скопје се одржа последната од серијата обуки за 2023 година во областа на спречување перење пари и финансирање на тероризам организирани од Институтот.

На 23 Декември 2023 год. на Научниот институт за применети истражувања за бизнис во Скопје се одржа последната од серијата обуки за 2023 година во областа на спречување перење пари и финансирање на тероризам организирани од Институтот.

Обуката на тема “Анализа на рестриктивните мерки и меѓународните стандарди во сферата на финансирањето на тероризмот и пролиферацијата” се одржа онлајн и во текот на обуката се разговараше за примената на рестриктивните мерки од страна на субјектите и се направи анализа на меѓународните стандарди во сферата на финансирањето на тероризмот и пролиферацијата.

Предавачите на обуката, м-р Билјана Шуманска и д-р Гоце Трајковски, се членови на Комитетот на експерти за спречување перење пари и финансирање на тероризам во Советот на Европа (Moneyval) и имаа повеќегодишно искуство во областа на спречување перење пари и финансирање на тероризам.


Сите учесници се стекнаа со соодветен сертификат.

Зошто е задолжителна обуката за спречување перење пари?

Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (член 5, член 12 став 1 точка 12 и член 68 став 14) ги определува субјектите кои имаат обврска да обезбедат најмалку 2 обуки годишно за своите вработени. Тоа се финансиските институции и нивните подружници и филијали, сметководителите, адвокатите, нотарите и другите небанкарски вршители на дејност, како и приредувачите на игри на среќа.

ИАРБ редовно организира вакви обуки, онлајн и како tailor-made обуки за конкретни субјекти. Учесниците добиваат сертификат за учество и материјали од обуката. Погледнете ги обуките за СПП/ФТ и најчесто поставуваните прашања.

Објавено од Институт за применети истражувања за бизнис (ИАРБ) · 22 Јануари, 2024 · Категорија: Обуки

Поврзани содржини

Поврзани вести