
Институтот за применети истражувања за бизнис (Скопје), како партнер во Erasmus+ CBY проектот „Со дигитализација против корупција“, бара 8 учесници од Северна Македонија.
Приклучи се на младинската размена „Digital vs Corrupt“ во Беране, Црна Гора од 19–26 мај 2026 година.
Ова е можност да научиш како да се бориш против корупцијата со користење на дигитални алатки, да соработуваш со млади од 14 земји и да развиеш сопствени идеи и иницијативи преку работилници, симулации и тимска работа.
Трошоците за патување, сместување и храна се покриени, а ќе добиеш и Youthpass сертификат.
Ако си младо лице или младински работник/чка мотивиран/а за учење, споделување и преземање акција – аплицирај!
Повеќе информации и аплицирање на: projects@iarb.edu.mk
Ознаки:
Што е проектот Digital VS Corrupt?
„Со дигитализација против корупција" (DigitalVScorrupt, бр. 101131572) е 30-месечен Еразмус+ проект што трае од 1 декември 2023 до 1 мај 2026 година. Координатор е EPEKA Црна Гора, а ИАРБ е партнер.
Проектот се бори против корупцијата преку неформално образование, дигитални алатки и дијалог со креаторите на политики. Вклучува околу 900 учесници во обуки за младински работници, прекугранични соработки и конференции, а изработени се и прирачници, алатки и материјали за обука. Повеќе за проектот · Публикации од проектот.
