Информација за тренинг:
Корупција во бизнисот

Претстојна обука – корупција во бизнис
Накратко: Институтот за применети истражувања за бизнис од Скопје е домаќин на тренингот со наслов "Корупцијата во бизнисот", кој ќе се одржи од 1 Мај до 6 Мај 2025 година на езерото Младост во Велес.

Институтот за применети истражувања за бизнис од Скопје е домаќин на тренингот со наслов “Корупцијата во бизнисот”, кој ќе се одржи од 1 Мај до 6 Мај 2025 година на езерото Младост во Велес. Овој тренинг ќе собере на едно место 25 млади и мотивирани луѓе од 14 држави во Европа, кои веруваат дека дигитализацијата е моќна алатка во борбата против корупцијата. Учесниците на тренингот ја споделуваат визијата дека транспарентноста и отчетноста се клучни за напредокот и општествената благосостојба.

Целта на овој тренинг е да ги подобри вештините и компетенциите на младинските работници од различни држави потребни за поддршка на владеењето на правото и промовирање на основните вредности како што се интегритетот, транспарентноста и отчетноста при справувањето со корупцијата. Учесниците ќе имаат можност да разменат знаења и практики за справување со корупцијата во бизнис секторот во земјите од Западен Балкан и други европски земји.

Овој тренинг е дел од Еразмус+ проектот за градење на капацитетите, на тема: “ Со дигитализација против корупција“, кој има за цел да се бори против корупцијата во ЕУ и Западен Балкан преку зајакнување на капацитетите кај младите со дигитални алатки. Проектот вклучува 18 партнери од 14 земји и е координиран од организацијата ЕПЕКА од Црна Гора. Институтот за применети истражувања за бизнис е партнер во овој проект.

Поддршката на пошироката општествена заедница, особено на граѓанскиот сектор, е клучна за успехот на борбата против корупцијата. Заедно, можеме да изградиме потранспарентно и поодговорно општество - придружете се на движењето!


Што е проектот Digital VS Corrupt?

„Со дигитализација против корупција" (DigitalVScorrupt, бр. 101131572) е 30-месечен Еразмус+ проект што трае од 1 декември 2023 до 1 мај 2026 година. Координатор е EPEKA Црна Гора, а ИАРБ е партнер.

Проектот се бори против корупцијата преку неформално образование, дигитални алатки и дијалог со креаторите на политики. Вклучува околу 900 учесници во обуки за младински работници, прекугранични соработки и конференции, а изработени се и прирачници, алатки и материјали за обука. Повеќе за проектот · Публикации од проектот.

Објавено од Институт за применети истражувања за бизнис (ИАРБ) · 13 Март, 2025 · Категорија: Настани

Поврзани содржини

Поврзани вести