Усогласеност со Законот за СПП/ФТ – барања и очекувања на УФР при надзор

време и место: 11-12 декември 2026, Хотел „Глориус", Велешко Езеро

Обука и работилница за спречување перење пари и финансирање на тероризам
  • Хотел „Глориус", Велешко Езеро
Накратко: Дводневна обука со практична работилница за СПП/ФТ, 11-12 декември 2026, Хотел „Глориус", Велешко Езеро: подготовка за надзор и анализа на сложени трансакции. Пријавување до 1 декември.

Институтот за применети истражувања за бизнис во соработка со Институтот за проектен менаџмент и развој Ве покануваат на дводневна обука со практична работилница од областа на спречување перење пари и финансирање на тероризам на тема „Усогласеност со Законот за СПП/ФТ – барања и очекувања на УФР при надзор".

Цел на обуката

Целта на обуката е да ги продлабочи знаењата на учесниците за примената на мерките и дејствијата за СПП/ФТ, надзорните постапки на Управата за финансиско разузнавање (УФР) и препознавањето сложени и невообичаени трансакции. Обуката опфаќа тематски излагања и практични вежби врз основа на примери и сценарија.

Содржина на обуката

  • Надлежности на Управата и видови надзор – теренски надзор (редовен, вонреден и контролен) и постојан мониторинг/вонтеренски надзор.
  • Корективни мерки и контролен надзор – записник со препораки, рокови за постапување и примери на неправилности.
  • Овластено лице, обука и известување – именување овластено лице и заменик, формирање оддел и доставување податоци до Управата.
  • Податоци и документација при надзор – вистински сопственик, програма за управување со ризик и клиентски досиеја.
  • Практична работилница: подготовка за надзор – работа со избрани обрасци, примери и контролни листи.
  • Техники за препознавање сомнителни и невообичаени трансакции – детекција на аномалии, структуирање (smurfing) и други трансакциски аномалии.
  • Рамка за практична верификација – верификација на документи, реконструирање на економската суштина и следење на паричните текови.
  • Практична работилница: анализа на трансакциски сценарија – препознавање „црвени знамиња" кај бизниси базирани на готовина и компании „школки".

За кого е наменета обуката

  • Финансиски институции и нивните подружници и филијали
  • Сметководители, адвокати, нотари и други небанкарски вршители на дејност
  • Приредувачи на игри на среќа

Предавачи

  • Д-р Ивица Симоновски
  • Александар Ѓоргиевски

Начин на одржување, котизација и рок за пријавување

  • Обуката ќе се одржи во Хотел „Глориус", Велешко Езеро, на 11-12 декември 2026.
  • Котизацијата е 13.800 денари. Вклучени се сертификат за учество, материјали од обуката, хотелско сместување со вклучени оброци и организирани кафе-паузи.
  • Пријавувањето е до 1 декември 2026 (поради резервирање на хотелот и ограничениот број соби), со наведување на име и презиме на учесникот, на е-пошта contact@iarb.edu.mk или на телефон 070 669 085.

Пријави се на обуката

Целосната програма на обуката е достапна за преземање: Програма за обуката (PDF).

Дополнителни информации на contact@iarb.edu.mk и 070 669 085. Погледнете ги и најчесто поставуваните прашања за обуките од областа на СПП/ФТ.

Зошто е задолжителна обуката за спречување перење пари?

Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (член 5, член 12 став 1 точка 12 и член 68 став 14) ги определува субјектите кои имаат обврска да обезбедат најмалку 2 обуки годишно за своите вработени. Тоа се финансиските институции и нивните подружници и филијали, сметководителите, адвокатите, нотарите и другите небанкарски вршители на дејност, како и приредувачите на игри на среќа.

ИАРБ редовно организира вакви обуки, онлајн и како tailor-made обуки за конкретни субјекти. Учесниците добиваат сертификат за учество и материјали од обуката. Погледнете ги обуките за СПП/ФТ и најчесто поставуваните прашања.

Објавено од Институт за применети истражувања за бизнис (ИАРБ) · 20 Ноември, 2026 · Категорија: Обуки

Поврзани содржини

Поврзани вести