
На 7ми Октомври 2023 год. на Научниот институт за применети истражувања за бизнис се одржа обука на тема “Aктивности на овластеното лице и одделот за спречување перење пари и финансирање на тероризам”
Обуката беше хибридна (со физичко и онлајн присуство) и со интерактивен карактер. Во текот на обуката се разговараше за назначувањето, исполнетоста на услови за назначување како и за активостите на овластеното лице и одделот за спречување перење пари и финансирање на тероризам во соодветните институции.
Исто така се разговараше и за факторите на ризик, елементите на ризик, анализа на клиентите, како и мерките, дејствијата и соодветнните санкции од аспект на спречување перење пари и финансирање тероризам.
Во текот на обуката посебно внимание беше обрнато и на улогата на адвокатите и нотарите во процесот на спречување перење пари и финансирање на тероризам
На обуката присуствуваа адвокати, сметководители и вработени банки и финансиски друштва. Предавачот на обуката, д-р Гоце Трајковски, е долгогодишен член на Комитетот на експерти за спречување перење пари и финансирање на тероризам во Советот на Европа (Moneyval) и има повеќегодишно искуство како предавач во областа на спречување перење пари и финансирање тероризам.
Учесниците на обуката се стекнаа со Сертификат за учество.
Ознаки:
Зошто е задолжителна обуката за спречување перење пари?
Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (член 5, член 12 став 1 точка 12 и член 68 став 14) ги определува субјектите кои имаат обврска да обезбедат најмалку 2 обуки годишно за своите вработени. Тоа се финансиските институции и нивните подружници и филијали, сметководителите, адвокатите, нотарите и другите небанкарски вршители на дејност, како и приредувачите на игри на среќа.
ИАРБ редовно организира вакви обуки, онлајн и како tailor-made обуки за конкретни субјекти. Учесниците добиваат сертификат за учество и материјали од обуката. Погледнете ги обуките за СПП/ФТ и најчесто поставуваните прашања.
