Тренинг за младински работници на тема
"Корупцијата во бизнисот"

training-for-youth-workers-on-the-topic-corruption-in-business

Во периодот од 1 до 6 мај 2025 година, во Велес, се одржа тренинг за младински работници на тема „Корупцијата во бизнисот“. Настанот беше во организација на Институтот за применети истражувања за бизнис, а како дел од Еразмус+ проектот „Со дигитализација против корупција“.

Во рамките на петдневниот тренинг беа зајакнати капацитетите на 25 младински работници од 12 европски земји во однос на важноста на владеењето на правото, препознавањето на корупцијата и познавањето на алатки и стратегии за справување со истата. Во рамките на овој тренинг курс организирани се различни активности и работилници меѓу кои и еко-камп за јакнење на свесноста за личниот и бизнис интегритетот.

Тренингот заврши со конференција на која се сумираа заклучоците од петдневниот тренинг дека корупцијата пред се е прашање на свест и морал и дека денес борбата против корупцијата е поважна од кога било, бидејќи влијае врз целокупното општество. На конференцијата свое излагање имаше г-н Миле Бошков (Претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија) кој зборуваше за општествената одговорност на компаниите (CSR) и лобирањето како клучни аспекти за спречување на корупцијата во бизнисот. Излагања имаа и проф. д-р Зоран Филиповски, проректор за меѓународна соработка на Меѓународниот универзитет Визион, кој зборуваше за влијанието на корупцијата врз миграцијата, и г-н Златко Еделински, еден од водечките консултанти за земјоделско-преработувачкиот бизнис во земјата кој сподели практични искуства за проблемите кои ги создава конкурентската предност преку корупцијата.

Координатор на Еразмус+ проектот „Со Дигитализација против корупција“ е EPEKA ME, додека Институтот за применети истражувања за бизнис е една од 13те партнерски организации.

Проектот е ко-финансиран од Европската Унија.

Слики од настанот: