Зајакнување на интегритетот во бизнисот: Придонесот на ИАРБ во проектот Digital VS Corrupt

ИАРБ го зајакнува интегритетот во бизнисот во рамките на проектот Дигитал вс Корупт

Институтот за применети истражувања за бизнис од Скопје, како еден од 14-те партнери во меѓународниот проект DigitalVScorrupt, е активно вклучен во бројни активности насочени кон зајакнување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот во општеството. Посебен фокус на Институтот е темата „Корупција и бизнис“, преку која се истражува и унапредува улогата на приватниот сектор во борбата против корупцијата и промовирањето на етички стандарди.

Проектот го истакнува значењето на дигитализацијата и иновативните пристапи како неопходност во борбата против корупцијата во современото општество, со посебен акцент на младите и нивната улога во промовирање на европските вредности и владеењето на правото.

Во рамките на тековните активности, Институтот работи на изработка на тренинг-материјали кои ќе се користат во неформалното образование и ќе им помогнат на младите и младинските работници да развијат свест и лична одговорност во борбата против корупцијата. Истовремено се подготвува и прирачник за пријавување на корупција во бизнис-секторот, кој ќе биде практична алатка за организации, институции и поединци во справување со корупциски случаи.

Овие материјали ќе придонесат за одржливост и применливост на проектните резултати, а истите ќе бидат јавно достапни на веб-страницата на проектот https://digitalvscorrupt.akustikum.org

Проектот е ко-финансиран од Еразмус+ програмата на Европската унија