
Проектен тим од Институтот за применети истражувања за бизнис, составен од три претставници на Институтот (како проектен координатор) и три наставнички од скопските основни училишта ООУ „Партенија Зографски“, ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ и ООУ „Вера Циривири Трена“ (придружни партнери во проектот), учествуваше на меѓународен настан за јакнење на капацитети кој се одржа во Хераклион, Крит (Грција), од 22 до 26 септември 2025 година.
Настанот, на кој учествуваа 32 едукатори од Македонија, Грција, Португалија, Чешка и Турција, беше организиран од Институтот за општествени и хуманистички науки (I.A.K.E.) од Хераклион, во рамките на Еразмус+ проектот „Empathy in the Digital Age: Harnessing Technology for Understanding and Connection (DigiEmpathy)“.
Преку интерактивни работилници и стручни предавања, учесниците ги зајакнаа своите вештини за создавање поддржувачки и инклузивни дигитални образовни средини засновани на емпатија. Четворица меѓународни експерти споделија знаења и практики за интегрирање на емпатијата во современото образование, преку теми како трансформација на теоријата во училничка практика, дигитално раскажување приказни и користење креативни технологии за поттикнување инклузивност и поголема ученичка активност.
Во фокус беше важноста на разбирањето и емоционалната поврзаност во дигиталната ера, со
порака дека вистинското учење започнува со емпатија.
Продолжуваме посветено да работиме на иновативни и инклузивни образовни практики,
промовирајќи етички пристапи што го ставаат ученикот и наставникот во центарот на процесот.
Слики од средбата



Ознаки:
Што е проектот DigiEmpathy?
„Емпатија во дигиталната ера" (DigiEmpathy, бр. 2024-1-MK01-KA220-SCH-000257909) е 24-месечен Еразмус+ КА2 проект во областа на училишното образование, координиран од ИАРБ. Проектот трае од 1 ноември 2024 до 1 ноември 2026 година.
Целта е развој на вештините за емпатија кај децата на возраст од 8 до 16 години и јакнење на компетенциите на наставниците преку дигитално образование и дигитални алатки. Проектот опфаќа најмалку 600 ученици и 75 наставници од 5 земји. Повеќе за проектот DigiEmpathy.
