
Менаџмент тимот на Институтот за применети истражувања за бизнис учествуваше на транснационалниот состанок на проектот, кој се одржа во Marijampolės Ryto Progimnazija во Литванија, заедно со партнерите од Португалија, Романија, Австрија, Босна и Херцеговина, Турција и Литванија. Овој состанок претставуваше одлична можност за ревизија на досегашниот напредок, зајакнување на соработката и планирање на следните активности во рамки на проектот.
Во текот на два продуктивни дена (20–21 ноември), претставниците од партнерските институции:
- Го разгледаа мониторинг извештајот и тековните резултати
- Ги прецизираа административните и финансиските процедури
- Го планираа пилотирањето на програмата за обука, финализирањето на едукативната содржина и подготовката на прирачникот за наставници
- Ја координираа претстојната размена на ученици во Турција
- Споделија добри практики, искуства и предизвици од секоја институција
Овие транснационални состаноци се клучни за обезбедување силна координација, квалитетни резултати и суштинско влијание во развојот на дигиталните вештини преку WonderLearning методологијата.
Слики од средбата





Ознаки:
Што е проектот Wonder Learning for Digital Natives?
Wonder Learning for Digital Natives (бр. 2024-1-PT01-KA220-SCH-000254381) е Еразмус+ проект координиран од Escola B1/PE do Monte од Мадеира, Португалија. ИАРБ е партнер во проектот, заедно со институции од Португалија, Романија, Австрија, Босна и Херцеговина, Литванија и Турција.
Проектот промовира иновативни методи во наставата и учењето и развива дигитални вештини преку методологијата WonderLearning. Брошурата за најдобри образовни практики содржи 34 проверени педагошки практики, а партнерите подготвуваат и курс за обука и водич за наставници. Преземете ја брошурата за најдобри образовни практики.
