Регистерот на вистински сопственици и работењето со виртуелни средства низ призмата на петтата директива на европската унија за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Успешно одржана обука за спречување перење пари и финансирање тероризам
Накратко: На 24.12.2022 година ИНСТИТУТОТ ЗА ПРИМЕНЕТИ ИСТРАЖУВАЊА ЗА БИЗНИС од Скопје ја одржа првата од серијата обуки од областа на спречување перење пари и финансирање на тероризам на тема:

На 24.12.2022 година ИНСТИТУТОТ ЗА ПРИМЕНЕТИ ИСТРАЖУВАЊА ЗА БИЗНИС од Скопје ја одржа првата од серијата обуки од областа на спречување перење пари и финансирање на тероризам на тема: Регистерот на вистински сопственици и работењето со виртуелни средства низ призмата на петтата директива на европската унија за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Предавачи на обуката беа д-р Гоце Трајковски, член на македонската делегација во Комитетот на експерти за спречување перење пари и финансирање на тероризам во Советот на Европа м-р Дијана Рикаловска, Рикаловска е член на Association of Certified Anti-Money Laundering Specialists од 2011 година со CAMS сертификација, меѓународно препознаена помеѓу специјалистите за спречување перење пари и усогласеност со прописи, и д-р Ѓорги Сламков универзитетски професор и експерт од областа на антикорупциски политики и владеење на правото.
Во текот на обуката беа презентирани основните елементи на Петтата директива на Европската унија за спречување перење пари и финансирање на тероризам, и имплементацијата на истата во националното законодавство со посебен осврт на утврдувањето на вистинскиот сопственик и регистарот на вистински сопственици. Исто така беа споделени и казнено правните аспекти на перењето пари и спречување тероризам во националното законодавство.

Зошто е задолжителна обуката за спречување перење пари?

Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (член 5, член 12 став 1 точка 12 и член 68 став 14) ги определува субјектите кои имаат обврска да обезбедат најмалку 2 обуки годишно за своите вработени. Тоа се финансиските институции и нивните подружници и филијали, сметководителите, адвокатите, нотарите и другите небанкарски вршители на дејност, како и приредувачите на игри на среќа.

ИАРБ редовно организира вакви обуки, онлајн и како tailor-made обуки за конкретни субјекти. Учесниците добиваат сертификат за учество и материјали од обуката. Погледнете ги обуките за СПП/ФТ и најчесто поставуваните прашања.

Објавено од Институт за применети истражувања за бизнис (ИАРБ) · 24 Декември, 2022 · Категорија: Обуки

Поврзани содржини

Поврзани вести