
На 14.12.2022 година ИНСТИТУТОТ ЗА ПРИМЕНЕТИ ИСТРАЖУВАЊА ЗА БИЗНИС од Скопје ја одржа првата од серијата обуки на тема ЗАШТИТА НА УКАЖУВАЧИТЕ ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР.
Предавачи на обуката беа г-н Mark Worth, извршен директор на Whıstleblowıng Internatıonal, кој ги презентираше меѓународните искуства на полето на укажување, како и д-р Ѓорги Сламков, универзитетски професор и експерт од областа на антикорупциски политики и владеење на правото, кој ја презентираше постапката за заштита на укажувачите во правните лица од приватниот сектор во Република Северна Македонија, законските обврски на правните лица од приватниот сектор, начините за заштита на укажувачите, обврската за изготвување и содржината на внатрешниот акт за заштитено внатрешно пријавување.
Ознаки:
Кои обврски ги имаат компаниите за заштита на укажувачите?
Согласно Законот за заштита на укажувачите, компаниите со повеќе од 10 вработени имаат обврска да именуваат овластено лице за прием на пријави од укажувачи и да изготват внатрешни акти за заштитено внатрешно пријавување. За непочитување на Законот се предвидени санкции за компанијата и за одговорното лице.
ИАРБ организира обуки за овластените лица, управителите и раководителите на правните сектори и секторите за човечки ресурси. Прирачник и алатки за укажувачи се достапни во публикациите од проектот „Со дигитализација против корупција".
