Одржана серија на обуки наменети за кадарот во воспитно-образовните установи

Серија обуки за стручен развој на вработените во образовни институции
Накратко: Научниот институт за применети истражувања за бизнис во периодот Ноември 2023 год. - Јануари 2024 година одржа серија на обуки наменети за кадарот вработен во воспитно-образовните установи во државата на следните теми:

Научниот институт за применети истражувања за бизнис во периодот Ноември 2023 год. - Јануари 2024 година одржа серија на обуки наменети за кадарот вработен во воспитно-образовните установи во државата на следните теми:

  1. Како да му помогнеме и полесно да го водиме детето низ вознемирувачките емоции?
  2. Од пофалба до дисциплина без казна
  3. Јавно соочување со себе и публиката !
  4. Информациите - море од вистини или лаги?
  5. Научи да пишуваш проекти за образовни институции!

Во текот на обуките учесниците ги зајакнаа своите професионални компетенции и сте стекнаа со знаења и вештини во однос на:

  • Подобро препознавање на емоциите на децата и младите со цел подлабоко да ги разбереме и дискутираме нивните емоции и емоционални доживувања донесени во училницата, но и да ги водиме низ процесот на вознемирувачки емоции кои се составен дел од растот.
  • Значењето на пофалбата низ образовниот процес како и влијанието и важноста на конструктивната критика со цел да се постигне дисциплина на повисоко ниво во училницата
  • Методологијата за успешна презентација и сигурен јавен настап
  • Препознавање на вистинската информација и модерирање на информацијата
  • Подготовка на проектни апликации со опфатени административно-финансиски правила и процедури за аплицирање на проекти во рамите на ЕУ и други донаторски програми;

На обуките присуствуваа повеќе од 500 наставници, воспитувачи, педагози и психолози од повеќе градинки и училишта во државата, и истите споделија и дел од своите практични искуства на соодветната тема.


Сите обуки беа одржани онлајн, а присутните се стекнаа со соодветен Сертификат.

За кого се педагошките обуки на ИАРБ?

Педагошките обуки на ИАРБ се наменети за наставниците и стручните служби во основните и средните училишта, како и за воспитувачите, негувателите, стручните работници и директорите во градинките и центрите за ран детски развој.

Обуките се одржуваат онлајн, а за одредена градинка или училиште се организираат и tailor-made обуки. Темите вклучуваат инклузија, врсничко насилство, емоционален развој, комуникација во училница и пишување ЕУ проекти. Учесниците добиваат сертификат за учество. Сите педагошки обуки · Календар на обуки.

Објавено од Институт за применети истражувања за бизнис (ИАРБ) · 15 Јануари, 2024 · Категорија: Обуки

Поврзани содржини

Поврзани вести