
Во периодот од 23 до 27 Април, 2025 Институтот учествуваше во првата активност Учење-Предавање-Обука (LTT ) во рамките на Еразмус+ проектот „Wonder learning for digital natives“ во Фуншал, Мадеира.
Домаќин на овој LTT настан беше училиштето EB1/PE do Monte, кое воедно е и координатор на проектот.
На настанот присуствуваа 32 учесници од 7 европски земји со цел да
промовираат различни иновативни методи во процесот на предавање и учење,
како и да ги разгледаат добрите образовни практики применувани во
партнерските земји. Покрај изборот на најдобрите 25 образовни практики, кои
во понатамошниот тек на проектот ќе се преточат во Брошура со најдобри
практики, LTT настанот вклучуваше и повеќе други разновидни активности како
што се: набљудување на работа на час, примена на дигитални алатки во
наставата, вклучувајќи роботика и ИКТ; инклузивни активности за ученици со
посебни образовни потреби;
раскажување приказни како иновативен метод на настава и еколошко образование
преку искуствено учење.
Дополнително, учесниците го посетија и Директоратот за образование при
Регионалниот секретаријат за образование, наука и технологија каде што имаа
предавање за примената на инклузивни методологии за ученици со посебни
потреби во образованието.
Посетата на компанијата за иновации и дигитална технологија ACIN Group во
Рибеира Брава на учесниците им овозможи поблиско запознавање со сестраната
примена на напредната дигитална
технологија.
Институтот за применети истражувања за бизнис изразува голема благодарност до координаторот, и организатор на настанот, EB1/PE do Monte, како и до ACSS Raqouel Lombardi и до сите останати партнери за одличната соработка!
Проектот е финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија.
Фотографии од настанот:




Ознаки: