Од Шпанија до Скопје: Еразмус искуството на Алваро
во ИАРБ

Алваро од Шпанија за време на неговото Еразмус+ доброволство во ИАРБ, Скопје
Накратко: Институтот за применети истражувања во бизнисот (IARB) со големо задоволство е домаќин на Álvaro Fernández Theotonio од Шпанија во рамките на програмата Erasmus for Young Entrepreneurs!

Институтот за применети истражувања во бизнисот (IARB) со големо задоволство е домаќин на Álvaro Fernández Theotonio од Шпанија во рамките на програмата Erasmus for Young Entrepreneurs!

Од јули до септември оваа година, Álvaro разменува идеи и стекнува практично искуство со нашиот домаќин –претприемач на Институтот.

На средината од неговото престојување, Álvaro ги сподели своите позитивни искуства со Бојан Тодоров, Национален координатор на програмата од Бизнис конфедерацијата на Северна Македонија, истакнувајќи го одличното менторство во претприемништво, гостопримството и можност за запознавање со локалната култура и начин на живот.

Заедничкото учење и новите идеи ја прават оваа соработка навистина инспиративна!

Дополнителна фотографија од Еразмус+ искуството на Алваро во ИАРБ Скопје

Ознаки:

Што е Институтот за применети истражувања за бизнис?

Институтот за применети истражувања за бизнис (ИАРБ) е научно-истражувачка и консултантска установа од Скопје, основана во 2021 година. Преку применети истражувања од областа на економските, организационите, правните и инженерските науки, Институтот одговара на потребите на бизнисите и институциите.

ИАРБ организира обуки за професионално усовршување, нуди консултантски услуги и учествува во меѓународни Еразмус+ проекти.

Објавено од Институт за применети истражувања за бизнис (ИАРБ) · 06 Август, 2025 · Категорија: Соработка

Поврзани содржини

Поврзани вести