Одржана обука на тема: Создавање на услови за ефективна вербална и невербална комуникација во училница

Обука за создавање услови за ефективна вербална и невербална комуникација во училница
Накратко: На Институтот за применети истражувања за бизнис на 18 Мај, 2023 година се одржа обука за ефективна вербална и невербална комуникација во училница, наменета за наставниците и стручните служби во училиштата.

На Институтот за применети истражувања за бизнис на 18 Мај, 2023 година се одржа обука за ефективна вербална и невербална комуникација во училница, наменета за наставниците и стручните служби во училиштата.

Целта на обуката беше да се зајакнат вештините наставниците и стручните служби во училиштата за начините на вербална и невербална комуникација првенствено со учениците, а потоа и со родителите. Д-р Андоновска во текот на обуката зборуваше за облиците и нивоата на комуникација, како и за техниките и правилата за успешна комуникација меѓу наставниците и учениците. На обуката присуствуваа наставници, педагози и психолози од повеќе училишта во државата, и истите во текот на обуката споделија и дел од своите искуства поврзани со вербалната и невербалната комуникација со своите ученици.
Обуката беше одржана онлајн, а присутните се стекнаа со соодветен Сертификат.

За кого се педагошките обуки на ИАРБ?

Педагошките обуки на ИАРБ се наменети за наставниците и стручните служби во основните и средните училишта, како и за воспитувачите, негувателите, стручните работници и директорите во градинките и центрите за ран детски развој.

Обуките се одржуваат онлајн, а за одредена градинка или училиште се организираат и tailor-made обуки. Темите вклучуваат инклузија, врсничко насилство, емоционален развој, комуникација во училница и пишување ЕУ проекти. Учесниците добиваат сертификат за учество. Сите педагошки обуки · Календар на обуки.

Објавено од Институт за применети истражувања за бизнис (ИАРБ) · 23 Мај, 2023 · Категорија: Обуки

Поврзани содржини

Поврзани вести