ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА “КОРУПЦИЈАТА И БИЗНИСОТ”

obuka_za_ukazuvacite_vo_privatniot_sektor

Институтот за применети истражувања за бизнис ве поканува за учество на меѓународната научна конференција на тема „Корупцијата и бизнисот“ која ќе се одржи на 5 Мај 2025 година, хотел Глориус, Велес.

Целта на конференцијата е споделување на знаења и искуства за различните аспекти поврзани со борбата против корупцијата, особено во деловниот сектор (корпоративно управување, транспарентни финансиски практики, етичко лидерство, регулаторни рамки, влијанието на технологијата врз спречувањето на корупцијата и други поврзани аспекти).


ТЕМАТСКИ ФОКУС НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

  • Корупција во бизнисот
  • Клучни ризици и последици од корупцијата во бизнисот, локални и глобални аспекти.
    Етички деловни практики: Кодекси на однесување и политики
  • Правни рамки и усогласеност
  • Меѓународни и национални закони за антикорупција
    Усогласеност и корпоративно управување во спречувањето на корупцијата
  • Деловен интегритет и корпоративна општествена одговорност
  • Улогата на деловниот интегритет во одржливиот раст
    Корпоративна општествена одговорност и антикорупциски иницијативи
    Градење култура на транспарентност и отчетност
    Деловна етика

НАСОКИ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ

  • Краен рок за испраќање Апстракт на трудот е 30 Април 2025 година.
  • Краен рок за испраќање на целосните трудови е 31 Мај 2025 година.
  • Прифатените апстракти и трудови ќе бидат објавени во Зборник на апстракти и Зборник на трудови.
  • Апстрактите и целосните трудови да се пратат на следниот е-маил: info@iarb.edu.mk

УПАТСТВА ЗА ПИШУВАЊЕ НА ТРУДОВИТЕ

  • Доставените трудови треба да се оригинални и да не се претходно објавени или истовремено доставени за објавување во друго списание.
  • Трудовите треба да се напишани на англиски јазик.
  • Апстрактот да е најмногу до 250 зборови и да завршува со 3-5 клучни зборови; целиот труд да е најмногу 8 страници.
  • Трудовите треба да се доставени во Microsoft Word.
  • Формат А4, фонт Times New Roman, големина на фонт 12, единечен продед, порамнување - justify.
  • Насловот на трудот треба да биде напишан со големи букви и bold.
  • Под насловот да бидат наведени името и презимето на авторот/коавторите, соодветната институција и е-маил адреса.
  • Да се применува Харвардски стил на цитирање
  • Дополнителни информации на e-mail info@iarb.edu.mk или на телефон 070 669 085