Проекти

    Истражувањата на Институтот се насочени кон новите трендови во областа на применетите истражувања преку кои ќе се обезбеди трансфер на знаење и технологија од европските држави во јавниот и приватниот сектор во Македонија. И сето тоа со користење на тимски пристап кон проблемот преку соработка на научните соработници на Институтот со надворешни експерти во различни области и напредни истражувачки алатки и техники, методи и модели.
    Дополнително, сметајќи дека кај младите е иднината Институтот се стреми да ги комбинира приоритетите на различни програми за унапредување на вештините на младите луѓе со потребните вештини и искуства, така што нивните потенцијали ќе се подобрат и ќе имаат знаење и самодоверба за да можат ефективно да се натпреваруваат на бараниот пазар на трудот.

Тековно институтот има грантирани и други видови проекти и тие се како што следува:

Проект #1
Digital VS Corrupt, ERASMUS-YOUTH-2023-CB, Project number 101131572

Проект #2
Resonating Leadership as a path to inclusion and solidarity, EC/Erasmus+ project.
Grant agreement 2023-1-PL01-KA153-YOU-000127042

Проект #3
Digital Tools for Less Waste activities, EC/Erasmus+ project.
Grant agreement 2023-1-PL01-KA153-YOU-000139944

Проект #4
Don't judge the book by its cover" - cultural glasses of national societies, EC/Erasmus+ project.
Grant agreement 2023-2-SK02-KA152-YOU-000168580

Други проекти:

Проект #1
The climate change in VET (Pacto Verde Association, Institute for Applied Research for Business)

Истражувањето се однесува на анализа на свесноста за климатските промени и промовирање на еколошкото образование во однос на промена на ставовите и одговорно социо-еколошко однесување.


Проект #2
Reskill the future by greening jobs (EU4ALL Association, Institute for Applied Research for Business, Federation of consumers of Bulgaria)

Една од целите на ова истражување е анализа на потребата од подобрување и приспособување на стручното образование и обука во насока на усогласување на истото со потребите на пазарот на трудот во однос на зелените работни места, на територијата на Србија, Р. С. Македонија и Бугарија.


Проект #3
Ecoforum: Let’s talk about sustainability (Institute for Applied Research for Business, Academy for Business Economy, University of Shkodra “Luigj Gurakuqi”)

Целта на овој проект е да се проучи моменталната состојба на процесот на имплементација на политиките за животна средина во компаниите во земјите од Западен Балкан и да се идентификува дали нивната имплементација зависи од националните специфики во однос на економскиот развој, бизнисите и јавната свест, како и од постојните законодавства во соодветната земја. Истражувањето вмрежува искуства од три различни сектори: бизниси, граѓански организации и креатори на политики


Проект #4
Drivers and barriers for Circular Economy implementation in the business sector (Institute for Applied Research for Business, University of Shkodra "Luigj Gurakuqi", the College of Service Business Sokolac – East Sarajevo, Institute of Technology and Business in České Budějovice, Academy for Business Economy, University of Ljubljana)

Преку споделувањето на знаења и практики во однос на активностите преземени од МСП за забрзување на транзицијата кон „позелени“ бизниси во нивната земја, се очекува да е добијат значајни сознанија за нивото на имплементација на циркуларните практики во деловниот сектор во Р.С. Македонија, Босна и Херцеговина, Словашка , Србија и Словенија.


Проект #5
The Balkans on Jahorina 2022 – Scientific Conference: Current situation, analysis and perspectives of multi-cultural and multi-confessional life and work of people in the Western Balkans (EU4ALL Association, Institute for Applied Research for Business)