
Институтот за применети истражувања за бизнис одржа обука на тема “Влијанието на екраните и играта на психомоторниот и емоционалниот развој кај децата ” со цел да се зајакнат капацитетите на предучилишните установи преку зајакнување на вештините на нивните вработени.
Во текот на обуката беше истакната важноста на улогата вработените во предучилишните установи во однос на поттикнување на играта и ентузијазмот во текот на играта што пак ќе допринесе за правилен когнитивен, психо-моторен и социо-емоционален развој на децата.
Обуката беше одржана онлајн, а присутните се стекнаа со соодветен Сертификат.
Ознаки:
За кого се педагошките обуки на ИАРБ?
Педагошките обуки на ИАРБ се наменети за наставниците и стручните служби во основните и средните училишта, како и за воспитувачите, негувателите, стручните работници и директорите во градинките и центрите за ран детски развој.
Обуките се одржуваат онлајн, а за одредена градинка или училиште се организираат и tailor-made обуки. Темите вклучуваат инклузија, врсничко насилство, емоционален развој, комуникација во училница и пишување ЕУ проекти. Учесниците добиваат сертификат за учество. Сите педагошки обуки · Календар на обуки.
