
На Институтот за применети истражувања за бизнис се одржа првата од серијата на обуки за врсничко насилство, наменета за наставниците и стручните служби во училиштата.
Целта на обуката беше да се зајакнат вештините наставниците и стручните служби во училиштата за видовите и формите на врсничко насилство во училиштето, раното препознавање и превентивните стратегии за спречување на истото. На обуката присуствуваа наставници, педагози и психолози од повеќе училишта во државата. Во текот на обуката присутните споделија примери и дел од искуства поврзани со врсничкото насилство, додека пак предавачот, д-р Аризанкоска Ефтимова, чија потесна специјалност е менталното здравје кај децата, во текот на обуката ги запозна учесниците со факторите на ризик за појава на насилно однесување кај децата, како да се препознае насилно дете и дете жртва на врсничко насилство, како и со чекорите кои треба да ги превземе училиштето за да се спречи врсничкото насилство и интервенциите во случаите кога има врзничко насилство во училиштето.
Обуката беше одржана онлајн, а присутните се стекнаа со соодветен Сертификат.
Ознаки:
За кого се педагошките обуки на ИАРБ?
Педагошките обуки на ИАРБ се наменети за наставниците и стручните служби во основните и средните училишта, како и за воспитувачите, негувателите, стручните работници и директорите во градинките и центрите за ран детски развој.
Обуките се одржуваат онлајн, а за одредена градинка или училиште се организираат и tailor-made обуки. Темите вклучуваат инклузија, врсничко насилство, емоционален развој, комуникација во училница и пишување ЕУ проекти. Учесниците добиваат сертификат за учество. Сите педагошки обуки · Календар на обуки.
