Boot Camp за Административен менаџер

Boot camp-от за АДМИНИСТРАТИВЕН МЕНАЏЕР е наменет за лицата вработени во администрација или лица кои имаат намера да се вработат на админстративна позиција.

Зошто овој Boot camp?


Почеток:

16 Декември 2023

Времетраење:

20 часа теорија

50 часа практична работа

Цена:

14.800 денари на 2 рати

20% попуст за ран упис со целосна уплата до 25 Ноември

10% попуст за целосна уплата

Рок на пријавување:

5 Декември 2023


Целта на оваа програма е развој на знаења и вештини за вршење на функцијата Административен менаџер.
Програмата се состои од 5 модули кои ги покриваат сите сегменти на канцелариско и административно работење, a со кои постојните и идни административни менаџери ќе ги развијат своите вештини, знаења и компетенции, и тоа:

  • 1
    Канцелариско и архивско работење
    Овој модул има за цел на едноставен начин да ги објасни бројните обврски што постојат за канцелариско и архивско работење, начинот на водење на архивскиот и документиран материјал, водење на деловодни и други помошни книги за евиденција.
  • 2
    Право за Административен менаџер
    Во овој модул ќе бидат опфатени знаењата од областа на правото кои треба да ги поседува административниот менаџер како што се постапка за вработување, договор за вработување, права од работен однос кои ги имаат вработените, начин на регулирање на годишен одмор и сл.. Исто така ќе се стекнат со основни знаења за подготовка и прифаќање на понуди и склучување на договори. Во рамките на овој модул учесниците ќе се стекнат со практични знаења за потполнување на различни форми на обрасци и формулари, наменети за Завод за статистика, Центален регистар, УЈП и др. државни институции и комисии. Како дел од модулот ќе бидат вклучени и основните знаења за системот на заштита на лични податоци и документацијата која во тој контекст е неопходно да се води во организацијата.
  • 3
    Финансиско работење за Административен менаџер
    Во рамките на овој модул, административните менаџери ќе се стекнат со основни познавања на сметководство, електронско и банкарско работење, евиденција и следење на наплата, како и следење и менаџирање на материјалното и канцелариско работење во компанијата. Со слушањето на овој модул, учесниците ќе се стекнат со практични вештини за подготовка и читање на основна сметководствена документација, потребна за позицијата административен менаџер.
  • 4
    Вештини за работа со компјутер
    Овој модул има за цел да понуди практични вештини и знаења за работа со најчесто користените компјутерски алатки, Word, Power point и Excel. Во рамките на модулот посебен осврт ќе биде ставен на пресметки во Excel и графичко/табеларно преставување на податоци.
  • 5
    Деловна комуникација
    Овој модул има за цел да ги подобри комуникациските вештини на учесниците со посебен осврт на правилата и принципите на деловната вербална и невербална комуникација. Во рамките на овој модул админситративнтие менаџери ќе се стекнат со вештини во однос на стиловите на комуникација и техниките при комуницирање, етиката во деловната комуникација, како и со дигитални комуникациски вештини, со посебен осврт на важноста на социјалните мрежи за имиџот на организацијата.

По завршување на програмата

  • СЕРТИФИКАТ за следење на програмата.
  • ПОТВРДА за практична работа.
  • Вештини за логично, интуитивно и креативно размислување.
  • Зајакнување на авторитетот, ориентираност кон креативно размислување.
  • Развој на нови идеи во контекст на работната позиција.



Контактирајте не за пријава или повеќе информации со пополнување на кратката форма