Започна имплементацијата на проектот
Digital VS Corrupt: Fighting corruption in the Western Balkans

start-of-the-project-digital-vs-corrupt-fighting-corruption-in-the-western-balkans

Институтот за применети истражувања за бизнис во партнерство со организации од 14 држави ja започна имплементацијата на проектот Digital VS Corrupt: Fighting corruption in the Western Balkans.

На почетниот состанок на проектот кој се одржа во Љубљана (31.01 – 03.02. 2024 година) проектните партнери се согласија дека: “Корупцијата претставува општествен проблем и е е една од најголемите закани за владеење на правото и економски развој во светот. Корупцијата е посебно присутна во земјите од Западен Балкан, што не прави чуствителни како регион, но ние сме тука отворено да зборуваме, да размениме искуства и да споделиме добри практики за борбата со корупцијата во светот.

Целта на проектот е да ги доближиме европските вредности и стандарди до земјите од Западен Балкан и истовремено да ја подигнеме свеста кај луѓето, особено младите, во ЕУ и земјите од Западен Балкан за потребата од проактивен пристап во борба против корупцијата. Заедно сме посилни и секој чекор во оваа насока е важен!“


Проектот е финансиски поддржан од EECEA ( European Education and Culture Executive Agency).