
Претставници на Институтот за применети истражувања за бизнис, д-р Анета В. Шикалеска и д-р Билјана Ѓозинска, учествуваа на меѓународната обука организирана во рамки на проектот „Со дигитализација против корупција“ од програмата Erasmus+ Youth 2023 – Capacity Building in the Field of Youth – Western Balkans. Настанот се одржа во Тузла (Босна и Херцеговина) од 23 до 28 јули 2025 година.
Обуката, во траење од шест дена, беше организирана од страна на Акустикум (БиХ) во Peace Flame House во Тузла и на истата присуствуваа експерти, активисти и младински работници од цела Европа со цел да се разгледаат:
- Правните и етичките аспекти на заштитата на укажувачите
- Улогата на младите во борбата против корупцијата
- ИКТ алатки за транспарентност и дигитален активизам
Д-р Билјана Ѓозинска, учествуваше и како обучувач со работилница на тема „“Whistleblowing:
Speaking Up for Integrity”, ангажирајќи ги учесниците во отворен дијалог и практични алатки со цел
да ги охрабри младите да се заложуваат за отчетноста.
Овој проект е кофинансиран од Европската Унија, а нашиот Институт учествува како официјален
партнер.
Слики од настанот:





