
Институтот за применети истражувања во бизнисот (IARB) со големо задоволство е домаќин на Álvaro Fernández Theotonio од Шпанија во рамките на програмата Erasmus for Young Entrepreneurs!
Од јули до септември оваа година, Álvaro разменува идеи и стекнува практично искуство со нашиот домаќин –претприемач на Институтот.
На средината од неговото престојување, Álvaro ги сподели своите позитивни искуства со Бојан Тодоров, Национален координатор на програмата од Бизнис конфедерацијата на Северна Македонија, истакнувајќи го одличното менторство во претприемништво, гостопримството и можност за запознавање со локалната култура и начин на живот.
Заедничкото учење и новите идеи ја прават оваа соработка навистина инспиративна!
