Научниот институт за применети истражувања за бизнис во периодот Ноември 2023 год. - Јануари 2024 година одржа серија на обуки наменети за кадарот вработен во воспитно-образовните установи во државата на следните теми:
- Како да му помогнеме и полесно да го водиме детето низ вознемирувачките емоции?
- Од пофалба до дисциплина без казна
- Јавно соочување со себе и публиката !
- Информациите - море од вистини или лаги?
- Научи да пишуваш проекти за образовни институции!
Во текот на обуките учесниците ги зајакнаа своите професионални компетенции и сте стекнаа со знаења и вештини во однос на:
- Подобро препознавање на емоциите на децата и младите со цел подлабоко да ги разбереме и дискутираме нивните емоции и емоционални доживувања донесени во училницата, но и да ги водиме низ процесот на вознемирувачки емоции кои се составен дел од растот.
- Значењето на пофалбата низ образовниот процес како и влијанието и важноста на конструктивната критика со цел да се постигне дисциплина на повисоко ниво во училницата
- Методологијата за успешна презентација и сигурен јавен настап
- Препознавање на вистинската информација и модерирање на информацијата
- Подготовка на проектни апликации со опфатени административно-финансиски правила и процедури за аплицирање на проекти во рамите на ЕУ и други донаторски програми;
На обуките присуствуваа повеќе од 500 наставници, воспитувачи, педагози и психолози од повеќе градинки и училишта во државата, и истите споделија и дел од своите практични искуства на соодветната тема.
Сите обуки беа одржани онлајн, а присутните се стекнаа со соодветен Сертификат.
Ознаки: