Институтот за применети истражувања со задоволство Ве поканува за учество на тековните обуки наменети за кадарот во образовните инстиуции. Овие обуки се одлична можност кадрите вклучени во образовниот процес да ги збогатат и зајакнат своите вештини и преку тоа да допринесат за својот континуиран професионален развој.
Тековно Институтот ги организира следниве обуки:
1. ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: РАНО ПРЕПОЗНАВАЊЕ И СТРАТЕГИИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ
Термин: 11 Мај, 18.00-19.30 h, онлајн, ZOOM платформа
Предавач: Д-р Биљана АРИЗАНКОСКА ЕФТИМОВА
Опис на обуката: Иако врсничкото насилство не е единствениот вид насилство на кое се изложени децата и младите во училишната средина, тоа е една од почестите форми на насилство низ кое поминуваат дел од учениците. За да може ефективно да се спречи овој проблем потребно е кадарот во училиштата (стручните служби и наставниците) да се стекнат со вештини за видовите и формите на врзничко насилство во училиштето, раното препознавање и превентивните стратегии за спречување на истото.
Предавач: Д-р Биљана АРИЗАНКОСКА ЕФТИМОВА е психијатар, вработена во Служба за ментално здравје за деца и младинци “Младост” при ЈЗУ Здравствен Дом Скопје. Од 2021 година д-р Аризанкоска Ефтимова е раководител на истата служба.
2. ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: РАНО ПРЕПОЗНАВАЊЕ И СТРАТЕГИИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ
Термин: 18 Мај, 18.00-19.30 h, онлајн
Предавач: Д-р Магдалена АНДОНОВСКА
Опис на обуката: Комуникацијата е основата на разговорот. Двонасочна улица низ која минуваме секојдневно. Зборуваме вербално. А се разбираме невербално. Колку се разбираме и дали комуницираме меѓу себе? Со нашите претпоставени и со децата? Училницата е местото во кое говориме, разбираме, но и премолчуваме. И секако комуницираме.
Предавач: Д-р Магдалена АНДОНОВСКА, доктор по јавна администрација со специјалност медиуми. Д-р Андоновска има повеќегодишно искуство во високото образование и како експерт за односи со јавност и комуникации.
3. ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ И УЧИЛИШТАTA ПРЕКУ АПЛИЦИРАЊЕ И УЧЕСТВО НА ЕУ ПРОЕКТИ
Термин: 25 Мај, 18.00-19.30 h, онлајн
Предавачи: Проф.д-р Анета ВАСИЉЕВИЌ-ШИКАЛЕСКА и проф. д-р Биљана ЃОЗИНСКА
Опис на обуката: Целта на обуката е да се пренесат знаења и практични искуства на вработените во училиштата за аплицирањето и учеството во Европски проекти. Во текот на обуката ќе бидат споделени долгогодишни искуства и знаења од страна на предавачите за можностите кои ги нудат учествата во ЕУ проектите. Обуката ќе биде интердисциплинарна, практична и со целосно вклучување на учесниците за текот и изработката на конкретна проектна апликација. Учеството на ваква обука севкупно позитивно ќе се одрази на индивидуалниот професионален развој на вработените во училиштата, а со тоа и врз капацитетот на соодветната установа.
Предавач: Проф.д-р Анета ВАСИЉЕВИЌ-ШИКАЛЕСКА и проф. д-р Биљана ЃОЗИНСКА се професори со долгогодишно искуство во образовниот процес и големо искуство во делот на пишување, аплицирање и учество на европски проекти. Предавачите имаат детално познавање на европските програми за грантови, на целокупниот процес на работа на проектите и како од истите да се има најголем бенефит и за вработените и за институцијата.
ДЕТАЛИ ЗА ОБУКИТЕ:
- Обуките се независни една од друга.
- За секоја од обуките се доделува поединечен СЕРТИФИКАТ за учество.
- ПРИЈАВЕТЕ СЕ со наведување на називот на обуката на следниот мејл contact@iarb.edu.mk
- Рокот за пријавување е до 24 Мај 2023 год.
- Повеќе информации на contact@iarb.edu.mk и 070 830 819
Котизација и начин на плаќање
- Цената за учество на една обука за едно лице е 500 денари.
- Цената за учество на двете обуки за едно лице е 900 денари.
- Цената за учество на трите обуки за едно лице е 1300 денари.
Плаќањето може на биде на фактура или уплатница