Советување на тема: Слободен пристап до информации од јавен карактер

training_on_the_topic_free_access_to_public_information

Цел на советувањето
Советувањето за Слободен пристап до информации од јавен карактер е прво советување на оваа тема, наменето за субјектите кои се иматели на информации од јавен карактер- општините, јавните претпријатија, акционерските друштва и училишта. Советувањето има  за цел да ги објасни правата и обврските кои ги имаат имателите на информации од јавен карактер (посебно општините, акционерските друштва, училиштата и јавните претпријатија) за тоа кои информации имаат јавен карактер и во која постапка треба да им се дадат на граѓаните кога тоа го бараат.

За кого е наменето советувањато

  1. Овластени лица за слободен пристап до информации од јавен карактер
  2. Директори/Менаџери/Управители
  3. Секретари
  4. Вработени во правен сектор
  5. Вработени во сектор за човечки ресурси
Предавачи
Д-р Ѓорги Сламков е универзитетски професор и експерт од областа на владеење на правото, човекови права и антикорупциски политики. Сламков е поранешен Претседател на Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Д-р Биљана Ѓозинска е професор од областа на правото, со повеќегодишно искуство на менаџерска функција и вешто лице од областа на авторските права и права од интелектуалната сопственост.

Начин на спроведување
Советувањето ќе се одржи во просториите на Институтот за применети истражувања за бизнис во Скопје на 30 Мај 2023год. (Вторник) од 11.00 до 15.00 часот.

Котизација и начин на плаќање
Котизацијата изнесува 4000 денари по учесник.
Плаќањето може да биде со фактура или на уплатница.

Рок на пријавување
Пријавувањето е до 26 мај на мејлот: contact@iarb.edu.mk 

Секој учесник ќе добие Сертификат за учество и материјали од советувањето.

Дополнителни информации на мејлот: contact@iarb.edu.mk