Од љубопитност до креативност: македонски едукатори на обука за Wonder Learning во Виена

Македонски едукатори на обуката за креативност на WonderLearning во Виена, Австрија

Од 20 до 25 октомври 2025 година, проектен тим на Институтот за применети истражувања за бизнис учествуавше на петдневниот настан за учење, настава и обука „Digitally Empowered Wonder Learning“, кој се одржа во Виена, Австрија, во рамките на Еразмус+ проектот „Wonder Learning for Digital Natives“.

На тренингот, организиран од Primera: Zentrum für Pädagogische Fortbildung Vienna, учествуваа едукатори и партнери од Македонија, Турција, Босна и Херцеговина, Литванија, Романија, Австрија и Португалија. Настаноте беше посветен на развој на иновативни и дигитални педагошки вештини и создавање инклузивни и инспиративни училници што ја поттикнуваат љубопитноста и креативноста кај учениците.

Во текот на програмата, учесниците се запознаа со теми како креативно размислување, употреба на вештачка интелигенција во образованието и безбедност во дигиталната средина. При интегрирањето на технологијата во наставата, фокусот не беше само на користење уреди и апликации, туку на постигнување на петте цели на учење според методологијата „Чудесно учење” (анг.Wonder Learning): поврзување, комуникација, селектирање, соработка и креирање. Настанот вклучи и други едукативни и културни активности, помеѓу кои и посета на Канцеларијата на Обединетите нации во Виена, каде што учесниците присуствуваа на сесија за Целите за одржлив развој (SDGs) на ОН.

Престојот во Виена овозможи нови партнерства, инспирации и идеи за современо, дигитално и инклузивно образование.

Слики од тренингот:

Македонски едукатори на обуката за креативност на WonderLearning во Виена, Австрија
Македонски едукатори на обуката за креативност на WonderLearning во Виена, Австрија
Македонски едукатори на обуката за креативност на WonderLearning во Виена, Австрија