Заштита на укажувачите во приватниот сектор

време и место: 14 декември 2022 година (Среда), 11:00-15:00 часот, онлајн

obuka_za_ukazuvacite_vo_privatniot_sektor

    Ако Вашата компанија има повеќе од 10 вработени тогаш согласно Законот за заштита на укажувачите (општопознато “свиркачи”) имате обврски за преземање на одредени дејствија. За непочитувањето на Законот се предвидени санкции за компанијата и за одговорното лице во компанијата.


За кого е наменета обуката

  1. Овластени лица за прием на пријави од укажувачи
  2. Менаџерите/управителите на компаниите
  3. Раководители на правен сектор
  4. Раководители на сектор за човечки ресурси

Цел на обуката

    Запознавање на компаниите со обврските кои произлегуваат од Законот за заштита на укажувачите. Според овој закон компаниите со повеќе од 10 вработени имаат основна обврска да именуваат овластено лице во компанијата за прием на пријави од укажувачи (“свиркачи”), но и бројни други обврски согласно Законот за заштита од укажувачи според кој треба да постапуваат. Преку обуката одговорните лица ќе се запознаат со начинот на исполнување на законските обврски на компаниите во делот на заштитено пријавување и последиците од нивното пропуштање, исполнување на законската обврска за изготвување на внатрешни акти, последици во случај на откривање на заштитените податоци и идентитетот на укажувачот, судска постапка и надомест на штета во случај на повреда на правата на укажувачот.


Агенда

  1. Меѓународни правни аспекти на укажувањето во приватниот сектор
  2. Заштита на укажувачите во приватниот сектор во РС Македонија
    • Заштитено пријавување во приватниот сектор
    • Заштитено надворешно пријавување
    • Заштитено јавно пријавување
  3. Обврски за правното лице за подготвување на внатрешен акт и друга документација за заштитено внатрешно пријавување.
  4. Казни и постапка за казнување за правното лице и одгoворните лица во правното лице во случај на непочитување на Законот за заштита на укажувачите.
    Имајќи ја предвид специфичноста на темата, како и законските обврски што се наметнуваат за компаниите, Ве покануваме за учество на оваа обука која ќе биде одржана од врвни експерти специјализирани на темата.

Предавачи

    Проф. д-р Ѓорги СЛАМКОВ е универзитетски професор и експерт од областа на антикорупциски политики и владеење на правото. Има експертско искуство во повеќе национални и меѓународни проекти во делот на антикорупција. Д-р Сламков е поранешен претседател на Државната Комисија за спречување на корупцијата и поранешен претседател на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

    Mark WORTH е извршен директор на Whistleblowing International и е еден од најдобрите меѓународни експерти кои работат на темата Заштита на укажувачите, веќе 35 години. Тој е правен советник и обучувач во Обединетите нации, Европската унија, Советот на Европа и други меѓународни организации за прашања поврзани со заштитата на укажувачите. Г-дин Worht е советник во многу држави во процесот на донесување и
имплементирање на Законите за заштита на укажувачите.


Начин на спроведување

Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со електронски уред (компјутер, таблет, мобилен).


Цена и начин на плаќање

Цената за учество на обуката за едно лице е 4000 денари. Плаќањето се врши врз основа на профактура најдоцна до 12 декември 2022 година. Секој учесник ќе добие сертификат за учество и материјали од обуката. Рок на пријавување за обуката до 10 декември 2022 година.

Доколку сте заинтересирани за учество пријавете се на следниот линк https://iarb.edu.mk/obuki/

Дополнителни информации за обуката на маил-от: contact@iarb.edu.mk