Регистерот на вистински сопственици и работењето со виртуелни средства низ призмата на петтата директива на европската унија за спречување перење пари и финансирање на тероризам

време и место: 24 декември 2022 година (Сабота), 10:00-14:00 часот

obuka_za_sprecuvanje_perenje_pari_finansiranje_terorizam

    Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам во член 12 став 1 и член 68 ст.14 ги определува субјектите кои имаат обврска за најмалку 2 обуки годишно на вработените од областа на спречување перење пари и финансирање тероризам.


За кого е наменета обуката

  1. Финансиски институции и подружници, филијали и деловни единици на странски финансиски институции кои согласно со закон вршат дејност во Република Македонија;
  2. Правни и физички лица кои ги вршат следниве услуги:
    • ревизорски и сметководствени услуги;
    • посредување во промет со недвижности;
  3. Нотари, адвокати и адвокатски друштва кои вршат јавно овластување согласно со закон
  4. Приредувачи на игри на среќа

Цел на обуката

    Оваа обука има за цел да обработи одредени прашања поврзани со поставеноста на Петтата директива на Европската унија за спречување перење пари и финансирање на тероризам, особено во делот на регистарот на вистински сопственици и тргувањето со виртуелни средства. Понатаму, ќе бидат разработени обврските коишто произлегуваат од Петтата директива и националното законодавство во однос на утврдувањето на вистинскиот сопственик на клиентот од страна на осигурителните компании, брокерските куќи, како и неговото запишување во регистарот на вистински сопственици од страна на регистрационите агенти.
Во текот на оваа обука учесниците ќе се запознаат и со казнено правните аспекти на перењето
пари и спречување тероризам.


Агенда

  1. Основни елементи на Петтата директива на Европската унија за спречување перење пари и финансирање на тероризам
  2. Имплементација на Петтата директива на Европската унија за спречување перење пари и финансирање на тероризам во националното законодавство со посебен осврт на утврдувањето на вистинскиот сопственик и регистарот на вистински сопственици
  3. Казнено правни аспекти на перењето пари и спречување тероризам во националното законодавство.

Имајќи ја предвид специфичноста на темата, како и законските обврски што се наметнуваат за одредени субјекти, да посетуваат обуки за спречување на перење пари и финансирање тероризам, Ве покануваме за учество на оваа обука која ќе биде одржана од врвни експерти специјализирани на темата.


Предавачи

    Д-р Гоце ТРАЈКОВСКИ е доктор на науки во сферата на спречување перење пари и финансирање на тероризам. Тој е долгогодишен член на македонската делегација во Комитетот на експерти за спречување перење пари и финансирање на тероризам во Советот на Европа (Moneyval) и активно е вклучен во хармонизацијата на националното законодавство со правото на Европската унија (acquis communautaire).

    М-р Дијана РИКАЛОВСКА CAMS е со 20 годишно банкарско искуство во различни области на банкарството, особено во областите AML и Compliance.
    Таа е активно инволвирана во дизајнирање и извршување на различни проекти со практично искуство во воспоставување и имплементирање на регулативи, оперативни процеси и концептуализација на решенија за банкарската индустрија. М-р Рикаловска е член на Association of Certified Anti-Money Laundering Specialists од 2011 година со CAMS сертификација, меѓународно препознаена помеѓу специјалистите за спречување перење пари и усогласеност со прописи. Исто така, нејзиниот ангажман е препознаен од Македонската Банкарска Асоцијација како посебен придонес во работата на асоцијацијата.

    Д-р Ѓорги СЛАМКОВ е универзитетски професор и експерт од областа на антикорупциски политики и владеење на правото. Има експертско искуство во повеќе национални и меѓународни проекти во делот на антикорупција. Д-р Сламков е поранешен претседател на Државната Комисија за спречување на корупцијата и поранешен претседател на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.


Начин на спроведување
    Обуката ќе се спроведува онлајн, преку платформата ZOOM, за што секој учесник неопходно е да располага со електронски уред (компјутер, таблет, мобилен).


Цена и начин на плаќање
    Цената за учество на обуката за едно лице е 4000 денари. За пријавени тројца или повеќе учесници од ист правен субјект следува 30% попуст на вкупниот износ. Плаќањето се врши врз основа на профактура најдоцна до 23 декември 2022 година.

Секој учесник ќе добие СЕРТИФИКАТ за учество и материјали од обуката.
Рок на пријавување за обуката до 22 декември 2022 година.

Доколку сте заинтересирани за учество пријавете се на следниот линк https://iarb.edu.mk/obuki/

Дополнителни информации за обуката на маил-от: contact@iarb.edu.mk